во (предл.) - полициски (прид.)

По заробувањето Кларк бил одведен во полициска станица каде бил испрашуван од бугарски генерал-лајтнант.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Чудовиштето го одведоа во полициска станица. Hugo Ball, 1886-1927.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓутоа, во полициските записници стои дека на 4.11.1890 год. во една поголема група сослушувани ученици и студенти од Македонија бил и Хаџиташковиќ и дека дури утрето и таа група го напуштила Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Подоцна дознав дека имал висок чин на полковник во полициската служба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Продолжува претставата. Сѐ повеќе се чувствувам гле­дач – заложник на повеќекратна претстава, со заплет и епилог кои зависеа од цврсто утврдената шема на прет­ставата, утврдена од специјалните сектори на Партијата, а проверувана и довршена во полициските служби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таквото однесување делуваше одбивно за оние што непосредно работеа со неа, кои во тоа гледаа отменост на млада жена која, прерано поставена на завидна позиција во полициската хиерархија, отсуството на искуство за раководење го компензира со строгост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бомби во полициски станици, убиства на полицајци, судири на гранични патроли со вооружени лица – сите овие нешта ги имаше и порано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сум ти кажувал ли како еднаш, во два по полноќ, ме приведоа во полициска станица?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Два дена по тој разговор, дојде еден џип над куќата, излегоа двајца мрки луѓе во полициска униформа, и го зедоа Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога го приведоа во полициската станица во Стокхолм во еден момент Кулик престана да глуми пес и почна да дава објаснувања за својот чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но ни трезен, ни пијан, ни мамурен не склопи око и не му дојде сон, па утредента штом стапна во кабинетот се јави во полициската станица од нивниот кварт, зашто му беше срам лично да се појави таму и претставувајќи се да објасни во што му е проблемот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еднаш тој отишол во полициска станица и изјавил: „Јас сум еден стар џентлмен и се изгубив”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој не го знаеше своето име и од каде дошол, ниту што било за сопствениот живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Трипати неделно мораа да се јавуваат во полициските станици и секој ден зад нив се влечеше сенката на полицискиот агент.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу нив и маж во полициска униформа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се разбуди на пладне во полициска станица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)