во (предл.) - потесен (прид.)

Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога замина Татко од Цариград, по свршувањето на студиите, и неочекувано за сите во поширокото и во потесното семејство, се врати во гратчето крај Езерото, никогаш повеќе не се врати во метрополата крај Босфор на својата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Согласно ЗВ од 1987 година, ако за одредено работно место се јавиле повеќе кандидати, се утврдуваше приоритет при вработувањето 70 врз основа на критериумите како време на чекање (50% од бодовите), успехот во школувањето (20%), социјално-економската состојба на невработеното лице (15%) и други критериуми како здравствената состојба на членовите на потесното семејство, бројот на издржувачите во потесното семејство, годините на старост на лицето и други.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Деконструкцијата, значи, не е метода на текстови-лектири во потесна смисла.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Под борба, во потесна смисла, се подразбира судир на помали единици (од најмали тактички, па до поголеми здружени).“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градот го видов како град од почетокот на 70-тите, но во потесни рамки, и почнав да го споредувам со некои соседни градови, и го осетив сиот тој шлајм што цело време необјасниво бруеше во мене и ме прашуваше: Зошто?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Париз уште во 1963 година е формиран специјален Институт за уредување на Париската област, во кој се зацртани и темелите на Париз во неговиот развиток од 2000-та година, кога француската метропола треба да нарасне на 14.000.000 жители или да има двојно повеќе жители отколку што денес ги има во потесниот појас на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)