во (предл.) - првобитен (прид.)

Како од наша страна ветуваме дека ќе сториме сѐ за нејзиното почитување и нема да дозволиме да биде било како кршена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашата задача и мака е, ако прекантари тоа рамновесие кај човекот - да го вратиме повторно во првобитната душевна и разумна терезија... Душата е една од тајните над тајните...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ми требаа часови да ги доведам работите во првобитниот ред.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оттука, во првобитниот опис на предметот се нагласи дека „Како да се биде геј“, самиот час, би се одвивал како „експеримент за самиот процес на иницијација кој и се стреми да го согледа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој сигурно не укажува дека геј-луѓето се геј во првобитната смисла со значење ’ведри’ или ’радосни‘.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)