во (предл.) - пресуден (прид.)

Некои луѓе, кои ја почувствувале неговата скапоцена грижа во пресудни мигови од нивните животи, астрофизичарот Паскали го сметаа за најдобар човек на планетата Земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И како што се поткревам на прсти така во пресудниот момент во салата влезе некој од чуварите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Негде рапаво и луто заревеа пци, го прогонеа ли голото попче - не знаев, сакав само да останам скриен и сам, тогаш Онисифор Проказник, пред да влезат в куќа, ме повикаа и јас се покажав од сенката со помиреност на крадец за кого судбината не предвидела засолниште во пресуден час.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас пред тоа ги видов домаќинката и девојката на мојата прва младост слеани една во друга на чардакот и се срамев што сум бессилен и заборавен зад кошот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Конкретизирање на моите илузии во страница вистина, која треба да ја раководи државата во пресудни моменти во однесувањето кон другата држава Шифрантот Петар Иваз ја чекаше пораката, откако ми го предаде катадневниот циркулар на телеграми кои стигнуваа од Централата на прочит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе учествува во многу поморски битки за различна намена, а најчесто како миноположувач за на крајот од сојузничките авиони да биде потопен кај Риека во 1944 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во пресудната 1948 година бродот на длабочина од 23 метри крај риечкото пристаниште ќе биде извлечен од специјализираното претпријатие Бродоспас и ќе го преземе Југословенската воена морнарица за свои потреби, а по реконструкцијата и обновата дел по дел ќе влезе во составот на морнарицата како школски брод Галеб, а подоцна ќе стане еден вид пловечка резиденција на Јосип Броз Тито.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира, во играта Ја вложувам сета моја умешност а во пресудни Моменти и добриот анѓел го викам да ми помогне Но тој не се јавува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ние бевме и дел од оваа бела материја, која во пресудното време на нашето раѓање и растење се влеваше во нас низ невидливиот поток на млекото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Мајка и натаму си остануваше со својата природна, чиниш инстинктивна и интуитивна отвореност која Татко, понекогаш, ја сметаше и за наивност, во пресудните времиња за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)