во (предл.) - префинет (прид.)

Посебно го инспирираа бескрајните комбинации на овие две бои кои во преливите, во префинетите нијанси на нивната соработка, водеа и до помодрувања, појава што аптекарот ја согледуваше во корелација со човекот како мислечко битие и, бликнувањето на оваа боја на човековото лице, тој ја толкуваше како израз на внатрешни конвулзии и на сложени психолошки состојби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)