во (предл.) - прилепски (прид.)

ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговата смрт ја предизвика неговото затворање, првин во прилепскиот а потоа и во битолскиот затвор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен тоа отепаниот Аќиф беше Арнаутин, а Арнаутите по тоа време, по битката на Шкодранецот со Садриазамот во прилепското поле, беа напреку гледани од Турците, та и таа беше една од олеснителните околности за Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)