во (предл.) - притаен (прид.)

И виде: литографија на Рембрант - восочни фигури со однегувани лица собрани околу восочен труп, распорен со еден хируршки замав; проказно сив кактус со многу боцкави очи; ред дебели книги со црвени и црни корици; далеку од нив , во притаениот агол заборавена детска играчка-памучен палјачо со истргната нога.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека беше Татко силен и здрав, таа беше поотпорна, посилна, во притаената среќа, и поспособна да ги поднесе последиците од Татковите илузии и вознеси отколку сега, кога го гледаше занемен, отсутен, во постојана борба, во длабочините на неговата внатрешна тишина во која сѐ потешко имаше пристап...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)