во (предл.) - прифатен (прид.)

Цвета беше немажена, на возраст кон педесеттата година, незаинтересирана за светот долу, во Метрополата, и често остануваше да ја преспие ноќта во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој свет таа не сакаше да го споредува со ниту еден од световите во кои живела пред тоа и токму затоа неговата посебност, во таквото поимање, добиваше во значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Животот во Прифатниот центар за Илона беше живот во еден посебен свет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме Волнаровски пред две години пријателски ме замоли да ѝ обезбедам просторија во Прифатниот центар за да може да изведува настава за членовите на Машкото друштво “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во медицинските кругови таквите пациенти се нарекуваат “хистерични”, “хипохондрични”, “лажни пациенти”, и со разни други имиња што ја изразуваат аверзијата што се чувствува кон оние проблеми кои не се вклопуваат во прифатениот модел (Ford, 1983).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)