во (предл.) - пријатен (прид.)

И така, во пријатна расположба ги затече зората и градскиот телал Дуче со својот барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И знам дека моите чувства секогаш се претвараа во тага, а желбата за среќа беше искрена, но никогаш не научив како да ја претворам во пријатна, едноставна убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа душа е кревка, бара љубов, сака да ги скроти своите неуморни амбиции, своите базични емоции, сака да се помири со самата себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во неврзаниот разговор таа му раскажала на репортерот како умрел нејзиниот маж, што никогаш дотогаш не го направила.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Досега знаевме само толку дека Дишан мирно починал една вечер откако претходно уживал во пријатната вечера со некои пријатели.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Старецот тргна по него и на една клупа, во пријатно катче, под зелените шушкави дрвја ги здогледа Михаил, кој седеше со прекрстени нозе, и со него уште двајца, очевидно, исто мртовци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Тирамис?” - во тоа се беа вљубиле пред десетина години во пријатниот геј ресторан во Ки Вест; се правеа како тоа да е наслов на некоја арија на Пучини; на подоцнежните патувања, дури и во Италија, наидуваа само на послаби верзии.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Големите плакати што ги нудат филмовите по кината речиси ме исфрлаат од улиците и засолниште наоѓам во пријатната полутемнина на бараката зад Економското училиште.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Аскетското дувло го претвори во пријатно одајче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кадијата напред сам се занесе во пријатни размислувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, мора да се почитува функцијата на секое време да се обиде работите да ги види чисто и да ги изрази на најдобар начин, без мисионерски намери.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Платоновиот опис на земската, а не на небеската Афродита, сосема му одговара на Penthousе магазинот.  Но, зарем лагите меѓу половите не се неминовни поради љубомората и конфликтите меѓу интересите?  Додека Ерусалим не го изградиме во пријатната и зелена земја Англија, ќе мораме да живееме во синагогата на Сатана.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Коле најпрво ме погледна намуртено, а потоа го развлече лицето во пријатна насмевка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега речиси никој не се јавува, и ноќната калакурница во нашата гајба, полека се претвори во пријатно катче декорирано со непријатна брмчиуши тишина.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)