во (предл.) - проѕирен (прид.)

Потоа сѐ се престори во проѕирна и жолтеникава празнина што му искреше од очи и пак во нив, во очите, некаде зад нив, во тилот, се купчеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се плете пајажината на векот Во проѕирната душа На вселената И ѕвер рика ноќва И плачам ноќва Цицајќи ѕвездено млеко Од боската на Мајка Јас сам Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Во неговите благи бранчиња, како во проѕирна нишалка, се појави Јанка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога по некој месец доби слободен ден во текот на неделата и предојде кај Аниса, ја затекна со друг човек со кој седеше на истиот кауч како што седеше со него и пиеја кафе и пијалак како што и со него пиеја и беше облечена во проѕирна наметка како што и нему му се облекуваше за да ѝ се гледаат облините на телото и го допираше со голите колена како што го допираше порано и него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ридовите се зелени сенките им се сини во проѕирната вода. Сонцето е црвено јадро со нимбус портоколов сред сини облаци.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Дедо Кизо во рацете го стискаше далечинското, свиткано во проѕирна фолија, за да не се замасти од пипкање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така настана некој производ што се пакуваше во истата пластична амбалажа само во проѕирна варијанта.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој звук зачудо, со првата наквечерина, сега се оформуваше пред мене во проѕирна стројност и јас видов жена во движење но таква како недоразвиен развигор да лелее некоја мекост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сретнувавме само неколкупати во годината и навраќавме во кафеаната Меркез на левиот брег на Вардар, за мене од онаа страна на стариот камен мост, пушевме и пиевме според расположеноста, тој најмногу чај во проѕирна чаша со позлатен раб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сонуваше ли рај и ангели во проѕирна свила?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе се загледав повнимателно останував со впечаток дека крилата всушност настојуваат да ја прелетаат пајажината на вечноста распната помеѓу синиот хоризонт и изнемоштената снага на Пепрутката фрлена на тревникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На платното доминира огнот на нејзината душа, што се престорува во проѕирни крила на двата странични дела на сликата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Излезена од саќето на муграта, или од пламенот на лозовите прачки: Најпрвин мирисот нејзин ќе осамне како слутење, дури потоа ќе те обвитка во проѕирна коприна облакот, а сетне засекогаш со тебе ќе остане пепелта на нејзиниот отсутен допир.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)