во (предл.) - пуст (прид.)

Ти ќе ми го гледаш таму, да не се смеша во пуста политика, да ми го изедат, пцине.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Служителот ме заборавил и ме оставил три часа повеќе во пустата училница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302 Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е она што Ахил најпосле го открива за себе, откако ќе го убие Хектора во пустиот обид да ги искупи сопствените погубни грешки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто таквото симболично обесштетување е единствениот вид на обесштетување што можат да го очекуваат за она што, најпосле, е непоправлива и ненадоместлива загуба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, токму затоа што ништо нема да им ја надомести загубата, зашто ништо на светов не соодветствува со она што ужаленото и гневно семејство го сака, затоа што ништо што би сториле (ниту одмаздата) нема да биде доволно за да им се преведат чувствата во соодветен облик на личен и јавен израз, ете токму затоа можат да се согласат – колку и да е тоа неволно – да се помират со чисто симболично обесштетување (во вид на пари).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го праша Петре Ивана како до далечната земја се стигнува, по кој пат се оди, по која ѕвезда се вјаса кај своите во пуст Зеланд да довтаса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И јас ќе се вратам во пустата куќа и почнува да ми е мака дека не ме заклале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој би можел да биде во оваа глува доба, кога само несреќата бара конак во пустите села?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колата завртува зад последната куќа; зад неа останува тапо тропање на тркала и поткови, гаснејќи полека и оставајќи зад себе глува празнина во пустата улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Волчицата не отстапи заради својот живот туку заради животот на својот пород гладен за нејзиното млеко, таму, во пустиот дол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас ќе си бегам овие дена Со Илија во пуста планина, А мојата мајка црна вдовица Ќе остане сама како кукавица!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тешко мене, се затаив во пуста темнина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- А тој, стриче Лентен, - некое дете праша липајќи. Чичкото Лентен тогаш замолчуваше подолго; чудно изгледаше тоа мало човече во тој приквечерен час, среде децата, во пустиот, во глувиот дом.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сета таа работа потоа остана само во пусти планови, беше тоа едно прописно разочарување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но во пустиот јадрански Голи Оток едвај го спаси своето тело од постојаната тортура и хронично гладување, макар што некои делови од телото му останаа осакатени до крајот на животот, особено желудникот, кој можеше да прими малку храна и понекоја капка ракија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И само господ знае каде одат тие, што мислат и што чекаат од оваа новогодишна ноќ во која неочекуваниот свет ги покрива ретко расеаните капки крв во пустите улици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Волчицата на отстапи заради својот живот, туку заради животот на својот пород гладен за нејзино млеко, таму, во пустиот дол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кој би можел да биде во оваа глува доба, кога само несреќата бара конак во пустите села?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сенката на липата се посипа со ситни иверки во пустиот простор крушата ја однесе ветрот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Седев сам во едно кино во пустиот град.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И да не бевте формални емигранти избегани од својот роден дом (епскиот македонски збор вели: откорнатици!), сигурна сум дека моралниот кодекс на Твојот Татко и на Твојота Мајка врз целото ваше семејство ќе се пренесуваше на сосема ист начин и ќе си функционираше сосема идентично, создавајќи ви стандарди што безусловно ги определуваат сите ваши постапки и што е поважно! обврзувајќи ве тие стандарди да ги пренесувате на своите деца и внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам треба ли тоа домашно воспитание да го детерминирам како патријархално (типично балканско...) и да го појаснувам најпрвин преку вашиот фамилијарен егзилантско-емигрантски фатум, кој нели неминовно ве упатувал едни кон други, бидејќи само така сте можеле ем да се чувствувате колку-толку безбедни, ем да опстанете во пустите туѓи куќи, туѓи јазици, туѓи градови (улици, институции, инстанци...) што везден сте морале да ги (п)освојувате...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дали во голи рамења, дали во пусти опинци, или во стапот овчарски?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)