во (предл.) - работнички (прид.)

Работам во работничко акционерско друштво имате ли претстава како е таму? –избувнува Мирољуб.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Внатре беа само пожарниот, кој пушејќи дремеше потпрен на ѕидот, и една неподвижна фигура, облечена во работнички панталони и легната на војничкиот кревет на кат, со романче во раката.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бил беше навикнат на занаетчии, кои возејќи влегуваа на теренот, но слаб русокос млад маж излезе од ”холивудизираниот” шевролет, облечен во работнички комбинезон со масни флеки и во сина тексас кошула, и тогаш Бил си помисли дека човекот бара работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа треба да му однесе облека да се преоблече зашто тој не може да излезе горе на рудината над езерото во работничката облека во која е облечен, целата замастена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тој, во работничка облека, подарок од стопанството каде неговиот старател бил вработен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имено, во име на апстрактната „флексибилност на пазарот“ реално се жртвувани животите и благосостојбата на илјадници живи луѓе – па нашиот сон за бизнис рај, се претвори во работнички пекол!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се примив и јас на работа во работничките мензи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во градот сите политички раководители, сите до кои беше стигната „тајната директива за трансформација на козарите (со милиони во сета земја) во работничка класа“, притеснети од гладот, но и од среќните решенија на козарите, се плашеа севезден да не стигне извршната директива, па да се бара конечна ликвидација на сите кози во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа балканските стратези за преобразба на милионите козари во работничка класа требаше да причекаат други, поспокојни времиња или да се откажат од големите ликвидации на козите, а дотогаш козарите и козите да бидат под будното око на комунистичката партија на народната власт!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)