во (предл.) - рамен (прид.)

Овие, заедно со потковичаните во тек на две години, долу, под населбата, на обработлива земја и во рамна линија со Имотот, им подигнаа чифлизи...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А зар пак да е тука некаде ќе ги оставеше сами да го испратат старецот во својот вечен дом, не ќе ја донесеше својата гола глава, не ќе пуштеше две три солзи од прозорците на својот живот, не ќе кажеше неколку лафа, не ќе го охрабреше дедо Костадина гласно и јавно дека нема да биде заборавен во рамната земја, а не како неа сето тоа молчејќи да му го кажува?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не е уверена дека старичката не сфатила што се има случено таму, на север, во рамната земја, туку таа, веројатно, сака да има една лажовна искра, една студена надеж, како секогаш, дека нејзиниот човек ќе допруса до неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За мажот рекоа дека бил бербер во рамната земја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Метежот во Грција го однесе неговиот полубрат, а него го чувал Господ, се врати жив и здрав поминувајќи речиси половина година во пијанки горе во рамната земја, во Гаково, додека не се врза со Павлина, бележана во срцето уште од селото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа не беше свесна дека кај многумина од бегалците, кај оние што оставија некој свој близок во рамната земја, напика мисла што рие како црв во нивните глави дека кога тогај нивните мртви мора да се преселат во нивна близина - тука, во Македонија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега беше мигот да проговори за мајката Евдокија од Прилеп, ама кадрото на Димостен во неа ја врати во рамната Војводина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Навистина, кога ќе фрлеше поглед на кај планината и покрај тоа што изгледаше како некое огромно животно премрено под белиот кожуф, таа насетуваше матна радост што ја враќаше во родното село со планините околу него оти годините поминати во рамната земја ги имаа израмнето со хоризонтот на нозете.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Доне, таткото на Дончо, исчезна уште таму, во рамната земја, во таа пуста Војводина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Богородица ме исчува тогаш тетко Персо, ама мојата сестра Добра подоцна, во оваа Македонија, го роди своето црно семе, едно убаво моме што го завикаме Ленче, а така и го крстивме! и продолжи дека Евгенија се родила во село Долнени, прилепско, а на школо заодило во Гаково, во рамната Војводина, онде каде што биле, оти од разни каришта, една малечка, малечка егејска Македонија, каде што таа, Пелагија, била стигната од судбината што се случила на ден Богородица, а се реализирала во рамната земја, во плодните ниви на селото Гаково, и молкнувајќи неколку мига, продолжува со тапа болка во зборовите Во мојата плодна нива дури таму, во рамната земја, ми фрлија црно семе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)