во (предл.) - раскошен (прид.)

Постојат и ридовите над Холивуд, на коишто се наоѓаат вилите на славните актери - кои во меѓувреме или починале или пак се иселиле на Бел Ер или Беверли Хилс или Малибу, така што сега туристите се ѕверат во раскошни куќи во коишто живеат адвокати, пластични хирурзи и некогашни офицери на иранскиот шах Реза Пахлави.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Соменевањето паднало на лицето што било облечено во раскошна европска облека, но на источнички начин, што изгледало смешно за европските поими.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Она коешто за својот претседател беше готово да се престори во збор, парола, цвет, во раскошна слика на стадионската трева.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, важно е дека овој град ви нуди секакава кујна и тоа не само во раскошните ресторани на „Хилтон“, туку и кај малебиџиите и акчиите кои се расфрлани речиси секаде - од пристаништето па сѐ до „Таксин“ и „Ак Сарај“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во раскошните Версајски дворци, кои фрапираат и по грандиозноста и по својата монументалност, чичеронот нè водеше многу брзо од еден на друг кат, од една во друга сала и, од сето она што го гледавме, во свеста остануваше само мислата дека еден ден ќе можеш да кажеш, ако запраша некој, дека си бил во Париз, и си го видел и Версај. Ништо повеќе од тоа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едо го минуваше времето дење во раскошната кабина на тешкиот, американски камион, со носивост од 12 тона влечени од мотор со 290 коња, со кабина како гарсоњера, со моќна радио-станица, целиот сребрен и испониклуван, камиот налик на џиновска детска играчка,што потсетува на изделкана санта мраз во движење, што Марко го возеше по градот и околните места сѐ до Калгари и најјужните брегови на САД, а навечер седнуваа во половниот „крајслер“ на Марка и одеа во барот „Driver`s Outlet“ каде што се собираа неговите колеги, сите шофери и шоферишта, од помлади до средновечни луѓе, неверојатно шаренило од снажни, згодни и грдомасни луѓе, едни обраснати во бради, други со коси што главите им ги правеа да личат на грмушки, ќелави, со прцлиња потфатени над тилот, тетовирани, каде што се зборуваше семсекаков англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)