во (предл.) - регуларен (прид.)

На боиштето, пред непријателските ровови и бункери околy Коница беа погребани сите надежи и, секако, сигурноста за способноста на Демократската армија на Грција ол партизански одреди да се претвори во регуларна армија и да почне да напаѓа градови, силно утврдени позиции, да отвори фронт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Касата одѕвонуваше во регуларни интервали, а Бланш им се заблагодаруваше на муштериите и ги канеше да се обидат да играат на таблите со концентрични кругови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)