во (предл.) - самостоен (прид.)

Во почетокот на декември 1943, германските воени единици потпомогнати од страна на албанските колаборационисти презеле концентрични офанзивни акции на слободната територија во Дебарца против единиците на НОВ и ПО на Македонија, насочувајќи го својот удар против Првата Македонско-косовска ударна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие иднината на Македонија ја гледале во самостојна, независна и обединета Македонија или во Балканска федерација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Додека има во Македонија почва за национални пропаганди, додека не се отстранат причините туѓите држави да имаат во Македонија повеќе влијание од самата Турција, до тогаш Турција ќе има само расход во Македонија, а не ќе има од неа никаква полза, до тогаш секоја минута ќе треба да се плаши да не ја загуби Македонија; а ако се признае официјално оти во Македонија нема неколку словенски народности, ами има само една одделна, ни бугарска ни српска, и ако се оддели Македонија во самостојна архиепископија, наеднаш Турција ќе се ослободи од мешањето во македонските работи од сите 3 соседни држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во поголемиот дел од говорот тој како да сакал да ја покаже македонската импотентност во водењето на сопстевната политика во самостојна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)