во (предл.) - светкав (прид.)

Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А ножот што го гледаше во таа треска беше забуцан во спокојството на лененото небо; во светкавиот млаз на челикот лежеше сенка на мртва птица и се грчеше се под неа жедно за виножитната крв на небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)