во (предл.) - светликав (прид.)

Хаосот се дели на купчиња, се пакува во светликави пластични ќесички и се затвора со сигурносен патент. Цап!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И ѕидовите се претворија во злато, во светликава топла златна боја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Камените основи уште се држеа, се крепеа како стари коски, ѕидовите од керпич се одронуваа како красти од старечко лице, а момирокот се дробеше меѓу прстите во светликав прав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)