во (предл.) - сигурен (прид.)

Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Колкуповеќе напредуваше работата и се наѕираше крајот, Климент Камилски стануваше с позадоволен и поуверен во сигурниот успех во објавувањето на речникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тие, итроманите, распрашувани од Преспани за тоа каде им е стоката, им велеа гајле да не берат зашто сега е во сигурни раце и ќе им се врати кога на Грамос нашите ќе му го скршат вратот на непријателот и сите ние ќе се вратиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)