во (предл.) - силен (прид.)

Беше човек на околу шеесет и пет години, облечен во ново, со син костум на себе и вратоврска со еднододруго аплицирани јаворови лисја во силни бои и паларија со боја која наклонуваше кон кафеаво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во нив овој тип Хрвати, и тоа Хрвати во силна, уште повеќе, во најсилна смисла, се предмет на немилосрдно подбивање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А таа клима нема да падне од небо, туку ќе се создаде со јакнење на автентичното и здраво работничко движење, организирано во силни грански синдикати кои со својата масовност и организираност ќе можат во било кој момент да поведат класна офанзива преку традиционалните методи на борба: штрајкови, окупација на работно место, протест.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па и кој ли ветар вее и ме фрла в силен студ: дали сенка на див силен ели страден мајкин лик?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Другиот ден рекоа дека по изведбата на обредот на Луција ѝ се слошило, дека паднала во силни грчеви и дека едвај ја спасиле да не си го одгризе јазикот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку сигурен во силното дејство на својот исказ, знаеше дека тоа кај Еразмо ќе побуди интерес за прашања.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште при првата наша средба во катедралата прозбореа нашите очи со невиден сјај, нашите погледи се сретнаа на половина пат и од нив летаа искри што пламнаа во силен оган на љубовта.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Прв школски ден свеченоста на мигот го покрива стравот дека милосрдниот допир на детството полека преминува во силен стисок.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Сега можете да го сетите, - им зборуваше во себе ним, собрани на креветот и заслушани во силните писоци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Атентаторе мој! Плашливо мое! - и тој пак го стегнуваше во силно гушнување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да ти се плукне на лебот што си го собирал во најсилна горештина. Кога се топи и железото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прозата на Б. Варошлија „произлегува од еден говор кој почнува да се раѓа сѐ понагласено во нашата јазична практика во урбаните средини, расказите на В. Малески се градени врз одредени говорни ситуации во кои се еманципира еден јазик на чаршијата, на градот, од говорот на руралните средини со кои е сѐ уште во силен контакт, литературата на С.Попов произлегува од јазикот на селото кој е затекнат во една конзервирана состојба итн.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Охо, такво нешто одамна не сум чул, и повторно прсна во силна смеа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја претставував поезијата на Махмуд Дарвиш во катедралната црква Света Софија во Охрид, како на заедничка молитва на обединетиот поетски свет, на еден вид свето заедничко присуство, според синтагмата на поетот Рене Шар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш обраќањето во храмот го завршив со зборовите: Народот на оваа земја, на Македонија, во храмот Света Софија, му го дари најсветото што може да му биде подарено на еден поет - неговата тивка светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан на големиот Махмуд Дарвиш во враќањето од егзил во силната прегратка на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIX Во силната и ненадејна врева на балканската историја на Татко најдобар сојузник му беше тишината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога целосно се смируваше од париската возбуда и во силното напрегање забораваше на ослабениот вид, но сега тој ги чувствуваше старите болки поради кои и се определи за операцијата на очите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стево Трајчов се обидуваше да го праша нешто својот адвокат кој набрзина внесуваше белешки на листот истрган од папката со материјали од истражната постапка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рацете на Круме Волнаровски му беа залепени со дланките и спуштени меѓу колениците (имав впечаток дека рацете му беа во силен стисок меѓу колениците, за што тој, најверојатно, не беше свесен), а главата му висеше напред така што од мојата страна можев да му го гледам само левиот образ и дел од темето во сиви нијанси како лишај на кутнато дрво.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се загледав отсутно во силниот вруток на белосините води, кои како во божилачна илуминација се ширеа во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Некој пат ќе одел на пазар, тики ако му се најдеа повечко пари, два-три дни не си идел ни во најсилната работа дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
После тоа само тишина, нема љубов, нема нежности, нема радост, нема пријатни денови, топли зими, нема живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Твојот глас ме буди во силен вресок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секања од гром, трештејќи во неа ѝ ја погодиле утробата... па тој удар пламнал во силен оган... кој сѐ стрештил, сѐ строшил и прснале пламени на сите страни!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Патување до крајот на ноќта, што некогаш може да потрае сè до погледот во силното светло на излезот од тунелот. 2002.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Продолжи во силен занес да раскажува за местата што му значат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)