во (предл.) - сложен (прид.)

Во сите исламски пројави: во минијатурите на иранските сликари, во мистериозните потраги на алхемичарите, во сложените преплети на арабеските, во изреките на суфистите, во трансот на вртачите дервиши, во молитвениот спиритуал, се создаде патот до Бога...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа што го бараа надреалистите, во откривањето на новата моќ кај источните народи, Аполинер, како признат предвесник на францускиот надреализам, потоа на другите авангардни померувања на духовните потраги, го откриваше во комплексните заложби, во сложената личност, во потрагите на Фаик Коница во европското и балканското минато, во енигмите на јазикот, како резиме на човековото живеење во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Принципот на Декарт, иако во сложена модификација, е повторно присутен. okno.mk | Margina #3 [1994] 67 Ј.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се афирмира како непогрешлив во операциите, така што повиците за услуги во сложени ситуации од семеен, љубовен, деловен и криминален карактер толку многу зачестија, што тој мораше да ангажира телефонски и интернет посредник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чудесното во сложениот систем на моментот – богатството на неброени осетливи нишки со кои сме впиени во универзумот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
На подготвителното рочиште претседателот на советот, во однос на управувањето со постапката, ги има сите овластувања што ги имаат претседателот на советот и советот на главната расправа (чл. 274, ст.1 sq и ст.4 од 172 ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова рочиште судот ќе ги определи денот и часот на одржување на првото рочиште за главна расправа – во рок кој не може да биде пократок од осум дена ниту подолг од 60 дена, а во сложените предмети најмногу до 90 дена сметано од денот на одржаното подготвително рочиште – потоа доказите кои ќе се изведуваат, како и сведоците и вештаците кои ќе бидат поканети на главната расправа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој го следи односот сè до некои репрезентативни примери во сложените воени случувања во Илијада, книгата што имала „речиси библиски авторитет“ меѓу старите Грци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеби сонуваше за неговата војна на Пацификот, за кибер мините што ги открил, нежно навирајќи во сложените кола со СИПА-та што ја употреби да ја открие патетичната лозинка на Ралфи од чипот закопан во мојата глава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Битно е зашто на тој начин полесно ќе се навлезе во сложениот механизам со кој таа ги пласира своите значења, своите поенти и откривања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Имено, работниците имаат право да купуваат под повластени услови само ако работеле најмалку две години во претпријатието, односно во сложената форма на организирање што се трансформира, пред донесувањето на одлуката за трансформација (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да го анализираат поведението на таквите системи истражувачите мораат во голема мера да се темелат врз компјутерски симулации бидејќи равенките кои ги опишуваат силите во сложените процеси се премногу сложени за да можат аналитички да се решат. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Системот е во сложена, динамичка, критична состојба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние мораме нашите принципи на прилагодување да ги побараме во сложените системи.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)