во (предл.) - смирен (прид.)

Само во смирена вода можеш да се огледаш...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На 10 мај пристигнале во Смирна. Тука одвоиле една голема група, од која осудените на 10 години биле испратени за Подрум, а осудените на 15 години - на Родос.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пловидбата продолжуваше до новиот пристан, во смиреното море, на брегот каде што го очекуваа пријателите на Југославија, неврзаните...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На моменти бродот ги пробиваше внатрешните бранови кои ги создаваа внатре напластените противречности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го очекувавме плачот на нашето братче или сестриче, за да ги претвори мајчините болки во смирени и радосни извици, нашиот страв во радост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќерките на св. Венсан де Пол започнаа да доаѓаат, во Цариград, во Смирна, во Бејрут и во Солун, уште од почетокот на XIX век.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Над покривите легнуваше вечерта, постилаше преку нив модрикав превез и ги бришеше нивните остри нерамнини, па разблажени во неа тие се нишкаа во смирена вечерна разбранетост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој гледаше со полузаклопени очи, низ арабеската од железната конструкција на рекламата, бесмислено распната на фонот од вечерното небо; седеше недвижен и замолчен, со жената покрај себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената помина со рака преку челото на мажот сѐ до длабокиот засек во косата и во дланката собра млака влага од пот која веќе истинуваше на него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)