во (предл.) - социјален (прид.)

Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тука се подразбира прашањето на традицијата, но и улогата на современата уметност во социјалните сфери денес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На истиот начин и херменевтичкиот пристап на големите англиски и германски романтичари- преведувачи е поврзан со менувањето на концептите за улогата на индивидуата во социјален контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние сме свикнале да го гледаме просторот поаѓајќи од нас самите, од нашиот внатрешен свет, од нашата невистинита длабочина; ние сокриваме, ние маскираме, ние лажеме затоа што сакаме да ги притаиме нашите чувства, сокривајќи се во аголот на итрата непристапност; сето она што е прифатено да се нарекува психологија, сето она што „нема место да постои“ во социјалниот свет, околу што се кодира и се формира нашето „јас“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
8. Мејл-артот денес во светот претставува еден силен аспект на меѓународната култура, сè уште „непотрошен“ во социјалните и политички импликации, наспроти тенденциите да биде игнориран (на ниво на институции, барем во Европа) или прогонуван (во земјите со диктаторски режими).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(7) Прашањето за тоа дали овие разлики биле таму (заедно на куп длабоко внатре ентитетот, чекајќи да бидат изнесени на светлина од страна на ископувачите деконструктивци), или се во ентитетот откако феминистките го завршија преобликувањето на ентитетот во социјална градба, поблиску до нивната срдечна желба, ми изгледа воопшто неважно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иако не е така, успеваат да влезат во социјалниот оддел за ништожници со средства.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во мобинг спаѓаат постојани негативни критики, кои може да го изолираат поединцеот во социјален поглед, како и ширење на трачеви и невистинити информации“ (Dr. Drenka Vukovic, „Mobing na radnom mestu“, 2006, стр. 5). 88
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А, пак, АВРМ, ФПИОМ и ФЗО се должни да водат и трајно да ја чуваат евиденцијата на пријавите и одјавите во социјално осигурување и, на барање на лицето, да му издадат податоци за состојбата и промените во врска со социјалното осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уметноста - и социјална сила Уметноста живее во социјален простор. (...) Доживеано субјективно, индивидуално, како магија, фасцинација, напнатост, уметничкото дело е емпириски спознатлив носител на социјална функција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, кога го запозна Игора Лозински и неговиот проект, почна да верува во пошироката смисла и согласје на оваа идеја на континуитет во природните и во социјалните феномени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова е проследено со зголемување на улогата на државата во јавните функции како што се 86 образованието, медијацијата во социјалните конфликти и обезбедувањето на социјална сигурност, како и преку преземање на сопственост и контрола над медиумите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во ерата на државниот капитализам (или „организиран“ капитализам, според терминот на Франкфуртската школа), во обидот да се надмине економската криза државата станува едно со економијата, преземајќи ја главната улога во управувањето со економскиот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
XXXIV Настапи времето кога Мајка излегуваше од семејството и влегуваше во социјалниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека пред 1960-та беше невозможно да се замисли појава 36 okno.mk на ред без централно тело зад него, денес ни се мошне блиски сознанијата за спонтано генерирање на подредени структури, како во неорганските, така и во органските (дури и во социјалните) процеси.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)