во (предл.) - спокоен (прид.)

Часот ми беше здодевен и долг.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Замислено се загледа во спокојниот преситен од светложолти одблесоци простор пред нас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За него историјата на цивилизациите се остваруваше низ возвишувања и падови, во спокојни периоди и ненадејни катаклизми, во немири и во ненадејни пројави.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)