во (предл.) - спортски (прид.)

Последниот од нас, во спортски гаќички и мајца, наизменично изведуваше гимнастички вежби, синхронизирано со вресоците.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ноќе во New York можат да се сретнат осаменици во спортска облека како застанувајќи покрај огради, скали, бетонски блокови, не обѕирајќи се на ништо и никого, ги истегнуваат своите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во ќелијата влезе Парсонс. Беше облечен во куси кафеави панталони и во спортска кошула.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако стигнаа, беа сместени во спортскиот центар на Кошутњак, а потоа секој по своја желба го разгледуваше главниот град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не е проверено, ама се зборува дека кога во раните осумдесети на врвот од својата кариера држела концерт во Спортската сала во Битола, кроткиот македонски народец желен да ја види искршил два-три џама на ова спортско здание.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Скиташе насекаде во спортска облека и дури на трицикл...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Играта е таа што им дава на машките гледачи алиби и покритие за задоволството да ги гледаат играчите, исто како што таа на играчите им дава оправдание да се покажуваат.287 Спортовите, особено (но не исклучиво) тимските спортови, се доживуваат како дејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е она што ги прави општествено соодветни за мажите, како и потврдни и консолидирачки за машкиот родов идентитет, според поимањето во Бергеровата анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, тоа е она што ги прави општествено незгодни за жените – односно, за нормативно женствените жени (лезбејките не ги чувствуваат истите стеги) – иако таквата незгодност можеби се намалува во САД, особено откако во 1972 година Конгресот го донесе поглавје IX од Законот за изменување и дополнување на Законот за образованието и откако, оттаму, се зголеми застапеноста на ученичките и на студентките во средношколскиот и во факултетскиот спорт.288 Кога се работи за мажи, бидејќи за натпреварувачките тимски спортови се смета дека претставуваат дејство, играчите во спортскиот натпревар не изгледаат како да ѝ приредуваат претстава на некаква публика, која природно се собира околу нив, привлечена од природно занимливата глетка со мажи заденати в бој.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)