во (предл.) - среќен (прид.)

Моите пријатели - сликари, писатели, интелектуалци - живееја во среќна опозиција на режимот, сите дисиденти, сите во подземје...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во себе си помислив дека навистина би ми било полесно ако еден ден слушнам за него дека е во среќна врска.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Навикнат на патетичниот глас А.А., обземен од тивка летаргија, со мислите пренесен во далнините, во среќниот архипелаг на сеќавањето во кој средишно место заземаа Мајка, Татко, семејството, книгите околу нив, од занесот ме будат гласните, како по команда, зборови на К.К.:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Читајќи ги нејзините редови, како знаци во кои беше присутен повикот на судбината, јас, всушност, се враќав во Македонија, во земјата што ја претставував, во земјата на моите кози и книги, во делот на семејството, во среќен егзил што требаше да го продолжам во мојот балкански дел на судбината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се откажувам, љубов, од твојата топла воздишка и од моето розово ангелче кое во среќна лулка лежи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нежно, нежно и ги подзабриша очичките и воздивна со бол на душата: - Прости ми што те унесреќив во најсреќните мигови!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Под кожата, човекот се наѕира нежен како утринска роса што одблеснува во среќна ѕвезда - рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите чекореле во среќната иднина и броеле до сто и еден и назад И ќе чекореле се понапред ќе чекореле додека не си ги видат раширените вени
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А Рајна пак, постојано се бесеше за раката на Анатолиј ако беше близу до неа и не се стеснуваше јавно да го искажува своето задоволство и среќа дека ѝ тргнало од рака, еден заколнат руски беќар да го престори во среќен маж.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но Татко умееше да го совлада нивниот егзил, да ги смири, да ги помири во библиотеката, во среќниот дом на нивното откриено враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар разделени од судбината, нико­гаш не престануваа да се имаат еден во друг и во среќните и во трагичните мигови на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во среќни и во несреќни периоди, поговорката функционираше со својата поширока смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Место граници, луѓето меѓу куќите си имале капиџици кои ги поврзувале, и во среќни и во мачни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)