во (предл.) - стандарден (прид.)

Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Првите закани уследија по успехот (јас си припишувам дел од тој успех себеси) кога проституцијата од Заводот за статистика во Стандардната класификација беше заведена во графата на занимања како професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Девојките во Калифорнија веројатно беа, во стандардна смисла, поубави од девојките во Њујорк, но мене и понатаму ми се допаѓаше начинот на кој Њујорчан­ките беа убави - чудни и невротични (девојките секогаш се поубави кога се на работ од нервниот слом, а нашите девојки секогаш беа тука некаде).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рака на срце, во тоа време ионака во Сан Франциско можеше да се најде што и да се посака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на „ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)