во (предл.) - стоковен (прид.)

Нашите луѓе, осем тие што првпат ги заслепува богатството од стоки, сѐ почесто се среќаваат во стоковните куќи, каде што се продава по фиксирани цени, или во магацините, каде што тоа е веќе одамнешна практика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, влегол некој човек во стоковната куќа ЦУМ, во одделението за машка конфекција, па го замолил продавачот да му покаже едно палто што одговара за него.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од мене сакаа да направат трговец. Продавач во стоковна куќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чудно, и овде во Штутгард, како и во Трст, во стоковните куќи можат да се стретнат најмногу наши луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)