во (предл.) - страшен (прид.)

Цела ноќ лежев будна мислејќи на живите мравки во утробата на апаратот, па кога в зори конечно заспав, се најдов себеси во страшниот тунел на цевката- смукалка каде што пред себе ги слушнав: стотици тела што шушкаат во гнасотијата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Залудно се трудеше да ја ослободи од тие авети, - да ја ослободи од чувството на човек кој залутал во страшна, непреодна пустина, каде што се секнати сите извори, изгубени секакви надежи... Залудно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но во мислите на Диме таа се претвори во страшен змеј, што долетал од некоја далечна планина и дошол да го грабне.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Грчките пропагандисти одамна го трујат тамошниот народ и му ја убиваат душата; арнаутите им ги отимаат имотите на селаните, им ги палат куќите и ги убиваат; цинцарските анџии и чорбаџии, кои скоро секогаш биле грчко оружје, тој несреќен крај го имаат доведено во страшна положба; агентите на Милоша Милоевиќа - кои би требало да бидат апостоли на јужнославјанското единство и ангели-хранители на незаштитените и убиените, т.е. кои би требало да ги заштитуваат бугарската народност и бугарското име - проповедаат некакви назадни идеи, сеат раздор, создаваат поблеми и ги тераат своите браќа и сојузници да го изгубат и својот последен карактер и да се фрлат во прегратките на јужнославјанските непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во страшната борба тој отепа не еден Гега . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во Мурзук пристигнале без Никола Трајков, кој добил сончев удар и умрел во страшни маки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А јас потем ги бркав во воздух словата што летаа кон небото, додека не се разбудив во страшен страв.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Би можело да се рече дека самиот избрал така да умре, но сепак тој избор претставуваше исход од едно бавно губење на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Американскиот поет Џон Ешбери рече за Борхесовата уметност дека е “дело на еден метафизички Фаберже” и споредувајќи го со Кафка додаде: “Го читавме Кафка делумно поради некаква нужда; Борхес го читаме од уживање, додека нашата сопствена рамнодушност ужива во страшната но снажна претстава на еден разбаштинет космос”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Утредента отец Ангелариј влезе во одајата на отец Лаврентиј задишан и му соопшти дека ноќта исчезнало пофалното слово за блажен отец Климент, кое тој, отец Лаврентиј, го беше составил со своја рака и душа, а чие исчезнување се дознава и од биографот на Климента, премудриот Теофилакт Охридски. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 123 2.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи Борхес човекот беше лишен од светот, светот беше немилосрден одново покажувајќи дека е дојдено до тоа дамнешно разидување во кое тој толку веруваше - помеѓу него самиот, како уметник, и светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На 2 февруари 1962 година, во кафеаната “Балкан” библиотекарот на Филозофскиот факултет Филип Филиповски му раскажуваше на еден свој пријател каков сон сонил: седи тој во библиотеката, лето е, доцна попладне, си пивнува ракија и го чита Прличев; во еден момент, низ отворениот прозорец забележува рој скакулци: ситни се, разнобојни - зелени, кафени, црни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изземајќи ја Марија Кодама - неговата стара студентка и пријателка, лик на ќерка и жена - Борхес умре во најпотполна самотија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од самиот оган како да извирала некоја мудрост на облагородување и тие како да не биле оние луѓе со раздразнето клештење на човекојадци чии корења полека гниеле и во страшните прекуморски митови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивните движења фрлале зад нив црн синџир ѓаволски сенки што се во непрекинат напор да се исправат и да се испреплеткаат до уништување по кое на земјата ќе останат само црни и безначајни парчиња кожа на една дива и неповторлива ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето на разобличениот странец се искриви во страшна гримаса.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Држи го! - извика младичот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Хиерархиите на овие авангарди се вплеткаа во страшни борби.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Приговор за многуте негови наследници, во прв ред сите “анти-граѓани” на периодот по него: пресериозно се сфаќаа самите себеси тотално вкопувајќи се во својата наводна историска единственост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А на лицето ѝ пишува: – Што се случи?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пак ја местам во санката бледата, растреперена Надењка, пак летаме во страшната пропаст, пак ветерот фучи и лизгалките на санката треперат, и пак, кога санката најбрзо и шумно лета, јас велам полугласно: – Ве љубам, Надењка!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш, сите ќе сватат, дека биле во страшна заблуда. Биле во занес на младешка вљубеност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа душа како да беше во вечен, во страшен логор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби тој вооишто не постоеше, некој го измислил во својот сон, во стравот, во страшниот очај.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во страшниот сон ја чу, нејзиниот глас го пробуди, со изгорени усни, во сон, во магија, во занес рече: - Мајко, мајчице мила!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иако почнале да горат и умирале во страшни маки, пееле песни за слободата. Запалени, како факли на прозорците...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И пак се задава бура, на среќата нема крај, суетата е сита Кога јавето е посилно од претчувството во страшниот сон.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Со кристална јасност сфати. Во страшниот блик на светлината гумените ракавици се разбрануваа и се развлекуваа со трепетлив навев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)