во (предл.) - тамошен (прид.)

Мојот еким ми советува капење во тамошните топли бањи поради ногава, ама уште не сум се решил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од секаде каде најблиските и биле на печалба има слики на кои се гледа облечена во тамошни алишта, а тука, во Врбник, ги носи домашните руби.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така на Имотот останаа да живеат, пак под закрила на Началството и под закрила на луѓето што работеа на Имотот, двете најмалечките, Неделко и Тоде, зашто постарото од нив, Петар Младенов Акиноски, беше испратено во Бугарија, во Софија, за да се изучи во тамошното воено училиште за офицер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)