во (предл.) - товарен (прид.)

Мажот ѝ ја тргна за рака и ѝ помогна да се качи во товарниот дел на камионот. Потоа и тој скокна во него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во еден немирен кадар ненадејно ѕирнува зградата на стариот театар крај Вардар.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Камерата е во товарниот дел, снима зад церадата што се отвора и затвора како што полицајците сецкаво искокнуваат од камионот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не знам колку долго патувавме. Кога излеговме од возот, нѐ пречекаа војници и нѐ внесоа во гратче оградено со бедеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја замислив како патува со децата во товарниот воз, и додека се така збиени во мракот на вагонот, им раскажува за патувањето што ги чека, им ветува море, игри на песокта и пливање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На железничката станица стоеја војници кои ни ги прегледаа документите, а потоа ни наредија да влеземе во товарниот воз кој чекаше на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Идниот ден нѐ напикаа во товарен воз, и започна нашето патување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во темниот вагон, во кој пред тоа превезувале добиток и се чувствуваше мирисот на животни, седевме на подот, стиснати едни до други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А јас не умеам да пливам,“ вели едно од децата. „Ќе научиш,“ го храбри Отла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)