во (предл.) - топол (прид.)

Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нѐ погледна со еден чуден, длабок поглед, со кој прелета преку сѐ што ја опкружуваше, како да сакаше сѐ да впие во очите; мајка ми, нас, кујната, дрвениот плафон, печката, прозорецот, вратата низ која пред малку излезе татко ми, онаа истата преку која самата таа, заруменета од средбите со него, полна со радост, го внесуваше садот со пресното млеко што во топлите квечерини го носеше Јон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бегаа од дома и се капеа во студеното море до доцна во октомври, а во топлите летни вечери пееја закинтски кантати во компаниите што шетаа по градките улици и се упатуваа на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Знаеја и младите дека ашик нашата заедница не поднесува, дека срам од љубов во неа не бидува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Девојчињата седеа дома, а пред портите на куќите излегуваа само постарите Еврејки и во топлите летни ноќи, додека ветрецот го носи мирисот на Дунав, џагорот на бродарите и јазици допловени од далечини, пееја романси донесени речиси пред пет века од Шпанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, штом се продолжи патот од романската метропола кон Плоешти,или уште подалеку, кон Синај и Брашов, пак доаѓа непрегледната рамнина, која станува здодевна,особено ако асфалтираниот пат низ овој дел на Влашко се минува во топли дни, какви што беа во оваа доцна есен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ги слушаат песните на сите птички, брмчењето на сите бубачки, блеењето на јагнињата и медениот овчарски кавал, во топлите летни денови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бојсовите масти можат да бидат сфатени како супститут за медот, со енергија исполнета материја која се наоѓа во состојба помеѓу течен и студен кристал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговото пијано е кристал, кого завиткувањето во топол филц требало да го растопи, како и многу други културни објекти кои ги завиткал за да ги врати во живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојсовата уметност е бескрајно компулзивно повторување на истата дејност на топлење на она што не може да се стопли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога влегоа во топлата соба, таа се проѕевна сонливо, изморено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бојан се пресели со мислите в село, во топлата светла соба на татковиот дом, па наеднаш почувствува дека очите му се навлажнуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во топлите летни вечери, кога низ отворениот прозорец навлегуваа стотина миризби на тивката летна ноќ, тој лежеше на своето креветче и гледаше во ѕвездите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ајде да си одиме! Што се правиш на глув? Али умот ти е во топлава ракија?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зеде чисти панталони и кошула за преслекување и прибор за бричење од транспортната вреќа и тргна во топлата и тешка темнина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Шеталиштето полека се празни. Месечината фати пат поназапад, се чини дека ѕвездите пребледнуваат, а на клупите и на бетонскиот ѕид се уште во топла прегратка траат ненаситени вљубеници...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изговарајќи ги последните зборови, се сврте кон мене, ми намигна, и продолжи: “Знаете, брат ви неодамна објави книга за соништата, за некакви едипови комплекси, за таткоубиства и мајкопосакувања, за свесно и несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А сега ајде, ќе ве испратам до дома, па таму во топлиот брачен кревет ќе можете мирно да сонувате, сеедно дали свесно или несвесно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што ќе ми значеа свадбата и свадбарите, и ѓаволот и јарето, ако го слушав гласот на Јордан Арето, или ако не го гледав орловиот нос на Караѓоз и самиот излезен од сказните, од темнината на приказните оние што ги кажуваа и раскажуваа, ноќта спроти Св.Никола, во топлата одаја на тетин Никола?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, по третата книга, „Пловидба кон Југ“, кога остарениот, бескуќен Мајстор заминува во топла приквечер, по кејот на бесконечната Река, знаев дека повеќе не ќе можам да пишувам за таков, премногу тврдоглав, намќорест и безнадежно упорен играч.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговата малечка ќерка, желбата што побргу да се приберат во топлиот дом, наместо до Дедо Мраз, ја упатила до Тито - „Те молам, друже Тито, помогни ни!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дека тие секогаш се прибираат во некое свое легало, криејќи ја, заедно со себе, и својата болка во топлата земја на честаците. Мораше да го најде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со такви неизбистрени мисли Рада се врати во топлиот салон кај Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш ѝ реков, се сеќавам на ѕидот на гробиштата и како Мари-Клод се потпре на мене и како ме пушти да зборувам со лицето загубено во топлиот мов од својот капут, кој ќе знае дали мојот глас стигна до неа со сите негови зборови, дали беше можно ра разбере; сѐ ѝ раскажав, секоја поединечност на играта, таа не-веројатност потврдувана низ толку Паули (толку Офелии) загубени на излезот од некој ходник, пајаци после секој крај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Уморна од работа, се опуштам во топлата арома на напитокот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Крилјата ви се силни како кај млад гулаб што се родил тука, во топлите седела на старите карпи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја држеше ламбата високо крената, за да ја осветли целата соба и во топлата нејасна светлина местото изгледаше необично привлечно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се капевме и уживавме во топлата и тиркизна вода.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сомневаше дека му прави магија да умре, зашто при секое враќање од брегот каде што ја држеше ногата во топлата вода, ја забележуваше неговата слика обесена на ѕидот во одајата, малку помрдната, а на очите фрлена пепел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
VI Илко често одеше на брегот, седнуваше крај сулфурната вода, се собуваше и ги пикаше нозете во топлата вода да ја лечи реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но Илко и понатаму си имаше добар апетит, јадеше, шеташе и одеше на брегот да ја лечи реумата во топлата вода.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гореше и тој. Во топли денови, или кога варницата ќе беше исполнета со камења за печење вар, се состануваа во плевната на Оруш.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Момата на Роса си седнува во топлиот брлог, а Чана веќе сфаќа дека човекон кој по сѐ изгледа е железничар, ги враќа луѓето во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И во топлите англиски зборови „Ол мен ар криејтид икуал...“ да пронајдеш дел од своето „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние сме сон на тревите со корен на мисла дива, Отмена растителка на надежта во топлата ложа.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Убаво е да се вдишува воздухот и добро е да се чувствува сонцето со кожата, како со својата топлина продира сѐ подлабоко, и добро е да се чувствува градбата на костурот, прекрасната конструкција скриена длабоко во топлото месо, и добро е да се чујат гласови многу почисти и многу побрзи од оние во каменените длабини на бунарот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа би дала и фустанот да ѝ го извалкаат, и да ѝ го искинат, и косата да ѝ ја растурат и кондурите нека ѝ ги земат, само да може да се замени со малата кукла, што се сви сега во топлата прегратка на Маја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Бидејќи ѝ достуде, пак се стутка во топлата прегратка на немирката Маја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- А ти, што не држиш лева, бре? - му се оџварив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Моја единствена, таму, во топлата одаја, клекни пред иконата на Богородица и моли ја да ти се вратам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ноќе, без да нѐ видат помалите, ние доброволците, построени по четворица, облечени во топли војнички униформи, со ранци на рамената, затропавме по асфалтот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Левијатан: бел кит - пофалба на Моби Дик од Херман Мелвил - Одмаздата е бел млаз, отровен Жрец Човек не ти е рамен твојот пат, божји прст вперен и прав одек на екваторот заледена душа во топли води одмаздата е млаз, езди на југ!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Возбудата на надворешниот свет допираше до него обесилено, како лесен здив на далечен ветер во топлата соба.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но нивните румени прсти ѝ се опираат смрзнати и нејаки и слаби црпејќи последни сили во топлиот сон за зелено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
3. Забележете дека публиката на големите надморски височини и публиката во земјите на север е претежно претпазлива во текот на изведбата, додека публиката во приморјето и во топлите земји ги изразува своите чувства било кога (кога ги има, секако).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ново утро и лет на ластовица, чист воздух во градиве, слика на страмежлива и нежна детска насмевка, нов живот во топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нежни чекори од другата страна на сонот, додека ѕвона одекнуваат од камбаните за новото раѓање на љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Тоа, тоа! – како никогаш пред тоа се израдуваа Ескимите откако Дедо Мраз голотијата и новиот тен им го обнови во топла, шарена облека. – Само тоа и ништо друго!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Овде булките имаат водени листови ко неистечни мориња да ме поклопат, да ме потопат, во топлата си плава долина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Снема струја во топол летен ден и умреа од жештина пингвините што Џ ги чуваше во големиот фрижидер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во топлата земјанка навираат спомените.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во топлата ноќ, низ широката пушкарница, ветерот фрли грстови гласови во бункерот и го разбуди нишанџијата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Легнува во топлата постела покриен со црвено веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цепнатинка во каменот и во неа - цвеќенце. Треперат листенцата во топлите повеви на ветерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стана и влезе дома. Во топлата одаја го разбива мракот малендавото кандилце чие пламенче трепери пред ликот на Богородица - иконата стара што од памтивек виси во ќошот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа не очекуваше Тина да ѝ возврати, туку само гласно размислуваше во топлите приквечерини онака наседнати на дрвени столчиња пред вратата на својата одајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа беа сигурно редовните гости на Каплан-паша, кои во петоците идеа овде на теферич и за да си ставаат жените ума и к'на, додека месата им се греат во топлите извори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Едни донесуваа, други ги однесуваа испечените тави, тепсии со баници и со буреци, разни татлии, сомуни лебови наредени на долга штица и завиткани во топли цедила, грав-тепсиичиња, чомлеци во земјени грнчиња на кои капаците им беа залепени со тесто. Само да гледаш и да не се нагледаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го одведоа во топлиот мравјалник и го нахранија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)