во (предл.) - треперлив (прид.)

Задоцнетето попладне на еден накиснат фаун, иако со прилична доза опуштеност поради редовното конзумирање на горчливи екстракти на субмедицината, подобро кажано, со лесна немарност кон атмосферските чуда, му придодава на Шушкањето на страниците допира одвнатре, проследено со отегнатото „А“ кое по тврдиот согласник се разлева во треперливи ларви низ нескротените лавиринти на нашите тела, споени во кревок тотем со две пребрзи срца...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Марсовата хероинска екстаза на паднат анѓал (го викавме Марс поради истоимените чоколадца кои просто извираа од неговите џебови) и сите картонски ликови нанижани на гнилиот конец на заборавот и зафрлени во криогенските бунари на сеќавањето... и, да... останува старото напукнато огледало коешто одразува празна лушпа, или еден фаќач на воздух во треперлив скок преку бездната на небитното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)