во (предл.) - убав (прид.)

Едниот беше Жабе Мицкоски, човек во убави години за работа, а не беше работник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно се имаше вратено во убавите спомени од нејзините гимназиски денови...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нѐ сместија во убави вагони. Возовите беа убави, купињата чисти, со креветчиња за спиење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Веројатно го вратив во убавиот дел од минатото.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му се приближив на симболот и на неговите слоеви значења, но, штом го допрев, тој се преобрази само во убавата принцеза. 98.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И не само тоа. На гостите треба да им се приредат нови изненадувања, нови уживања, за да им останат дните поминати во варненското крајбрежје во убав спомен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во дното на „Вацлавските намјести“ имаше изложба во убавата сала „Хибернија“ токму спроти најголемата стоковна куќа „Котва“ и спрема репрезентативниот ресторан од времето на „Златна Прага“ - „Париз“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако вренеше снег, патот беше чист и така речиси во првите попладневни часови се најдовме во убавата Прага, расечена од бујната вода на познатата река во историјата на чешкиот народ - Влтава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но времето лаже и така, со една група стопанственици од Скопје - од „Макотекс“ и од „Охис“ - тргнавме на пат кон Берлин, во убави, комотни и брзи „мерцедеси“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И вечерва, кога ја засвире, и се испули на Веца во убавото бело лице, се сети за првите љубовни приклученија, та се издиши длабоко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нејзината мисла ја однесе далеку од Полчишта, далеку од Мариово, далеку од цела Македонија, во слободната Бугарија, каде што нема Турци да го бркаат нејзиниот Толе; каде што нема да го дели ни со какво црно Кате и други мариовки; каде што ќе го прегрнува и бакнува само таа и каде навистина ќе живее со него како пашица во убави сараи, со алајќи по неа сред цветните градини од сарајот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Широко се раскрилија и вратите на балконите: сè се напна да се откачи од здодевната стега на ѕидовите, да излезе или само да прогледа макар во убавиот, разигран ден.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ѓавол!... - не се здржа стројничката, која за сето време гледаше восторжено во убавата Атина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сончевите зраци ѝ се плетеја во убавите, големи трепки и нежно ѝ се разлеваа по разбрануваните гради.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и предметите по собите како да оживеаја, како да се раздвижија да тргнат и тие негде, да излезат. Надвор. На денот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старецот, често, пред да се прибере на починок, во убавите денови знаеше да поседи на тоа трупче, да ги гледа ѕвездите и да влече чадови од своето луле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сè така уживаа во убавите видици, сè така му се радуваа на ветрето, на сонцето, на тревите и цвеќињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој знаеше дека дедо Иван не е без ракииче, но го знаеше и тоа дека иако стар, во убавите денови знаеше да се симне до Гогов Валог само за да ја проба петгодишната ракија на дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој значи, Германецот, безуспешно ѝ се додворувал на некоја девојка која секоја вечер седела на балконот, плетела чорапи и уживала во убавиот поглед на езерото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа, болежлив и сѐ уште до крај нездушен со луѓето, постојано се мавташе низ бостаните, низ житјата и покрај лозјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој никогаш не примети дека има помалку од малите локумчинја распоредени во убав изгравиран стаклен сад.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се замислував себеси како невеста во убав бел долг фустан, а покрај мене се разбира кој друг ако не тој Филип.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Притоа, со занес ќе изрецитираше: Зборови издишувај, издишки запишувај, стихови говори и реди, тоа светот ќе го среди во убав и личен ред: со стихови нап-ред Ракописот и записот на Нунета не го видов, иако му бев близок.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А ние четирите научивме да живееме со стравот; тоа не беше страв од смртта, туку од измачувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Марта и Ана ни кажаа дека живеат во убава куќа во тивко лондонско предградие, и постојано нѐ уверуваа дека пријателите на Зигмунд прават сѐ ние сестрите да добиеме визи за излез од Австрија, па потоа ќе можеме да им се придружиме во куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѝ порачува нејзе, на Историјата, да го задржи во убав спомен.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Не пијам нес кафе, ама уживам во убава чаша со нешто во неа, и не лежам веќе по камења, не се сончам на директно сонце, ама знам да уживам на креветче со добра книга, додека мојот мал Тото од едно кило ме чува како крволочен пес, кој секој што тука ќе помине го гледа како крадец на најроденото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со чувства или без во убава сјајна конзерва, Конзерва која ме чува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па, јас студирам, живеам во симпатично станче во главниот град, во убава населба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затскриена во убава наметка од литературни и граматички форми, проткаена со енигматски стил, оваа своевидна исповед на поетесата ни доловува многу премолчени животни вистини.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Се спремија. Ленче и Таки, Томеица, Христина, Лазе, Тодор и Коле. Томето беше облечена во убав, долг со долги ракави бежов фустан, со чипка во лична изработка на платката над градите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Безброј пати ја молев, посебно во ова писмо, да дојде во Картагина, да биде со своите внуки во убавата градина во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бојана ги покажа белите заби формирани во убава и искрена насмевка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ја чуваше во убава кожна футрола скриена длабока во плакарот во спалната. Дури се плашев од неа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во убаво време пареата се крева нагоре и се губи во небото, а во матно, дождливо време, пареата се спушта над селото, налегнува по дворовите, куќите, и им го гнети на луѓето во носот својот смрдеж.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
не се тетерават, не се залетуваат нагло напред, ниту нагло застануваат; избегнуваат секое ризично одење прилагодувајќи му се на патот; не скокаат преку бразди и дупки, туку ги заобиколуваат; кога зборуваат - зборуваат, кратко, полека, одмерено, сакаат секој збор да им биде на место; задоволство е да ги слушаш: секој збор им е нагласен и се спојува во убав ритам, музика;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сенката од лисјето во убави дамки се шаренееше околу неговите жолти чевли.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Свежо измиена, внимателно исчешлана и во убавиот фустан, кога влезе во собата на лекарот, Марија беше сосем друга личност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
После појадокот, го дотера Карл во убава облека и со количката тргнаа на шетање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Веројатно во него имаше и дека сум бил во Автокоманда кај вујче Сотир, братот на мајка кој сам живее во голема одаја на кат во убава зграда, ми рекол дека можам да појдам кај него, ама по тонот сум заклучил дека не сака да се населам кај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само ти знаеш Како се губиш сега како потонуваш Во убави години во бели кошули Во бели насмевки во бела книга Само ти знаеш како потонуваш Во нова облека во свежи улици
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
А и израсна во убав момчак, како што очекуваа комшиите тетки и му се израдуваа врсничките.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Човекот и е и не е во гаражата на мајстор Ратко зашто ѕидот зад човекот во убав костум е многу, многу поширок и повисок, како да е целиот со полици, но во тоа Едо не е сигурен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вечерата прерасна во убав празник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа почна да расте и се претвори во убав голем шарен коњ.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Навистина успеав да ја изнасмеам но и да ја одоброволам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Живеевме во убавото социјалистичкото време без надостатоци, освен наследените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Новата година за прв пат се приближуваше со поинакво значење, не за да донесе нови непознати страдања, туку да влезе во убавото малечко главче на Пеличка дека еднаш откако ќе изминат триста и шеесет и пет дена се менува бројот на годините со тоа што на претходната додаваме уште една.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Застануваат крај масичката која е покриена со прекривка и врз прекривката голем буќет цвеќиња во убава порцеланска вазна. И вазната нашарана со цвеќиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Уште нешто, јас и Пеличка од тебе бараме да ги фрлиш тие машки пантолони, во убави роби да се променуваш за да се види дека ни една мома не ти е рамна во убавината!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На крајот Влатко даде интересна информација: „Нашите другарчиња од Основното Училиште „Владо Тасевски“ се најдоа на страницата „Колибри“ во рубриката Учениците и екологијата, ќе ви прочитам еден дел од статијата: - Секоја сабота, ама буквално секоја, по околу триесетина ученици, пред сè осмооделенци, раководени од нивниот наставник по географија Ѓорѓиевски, одат организирано на Водно и уживаат во убавата природа. таму наоѓаат разни тревки, интересни растенија и шумски плодови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И нашето тело ненадејно станува лесно, преминува во убав ветер; ненадејно, ние стануваме двојни: надесно, рака - налево, рака; надесно, нога - налево, нога; страни и уши и очи и плеќи не граничат со останатото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веќе си замислував како ќе го поминам во убави мигови и друштвото на мојот сакан дечко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Добрина: посака на едно девојченце што свиткано од студ поминуваше по улицата, излитеното џемперче да се претвори во убаво, топло зимско палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)