во (предл.) - урбан (прид.)

Лево од нив, во малото сепаре, изделено со ниски, стилизирани столбови од дрво, разговараа Киријаз и Софија, жена во поодминати години, службеник во одделението за односи со јавноста во Агенцијата за екологија во урбаните средини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Новите урбани мигранти беа, главно, луѓе со скромно потекло кои, во времето на релативниот просперитет што ги обележа крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, можеа во Калифорнија да ги најдат истите неквалификувани работни места што ги имале во Ајова или во Алабама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Над 300 000 од тие умрени биле мажи што имаат секс со мажи.445 Само во Заливското Подрачје на Сан Франциско умреа десетици илјади геј-мажи, меѓу кои околу 17 000 во самиот град Сан Франциско.446
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-гетата, со други зборови, побудија нови облици на живеење. ‌Луѓето што ги воспоставија тие гета не беа, главно, народ од средната класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, ако се дрзнела да го застапува играњето улоги кај лезбејките од современиот свет на 1970-тите, тоа ќе било нејзина фемисторија (herstory). ‌До крајот на 1970-тите, лезбејскиот и машкиот геј-живот во урбаните геј-гета на САД и на Западна Европа станаа препознатливи по хегемонијата на лезбејскиот феминизам и на емпатично мажествената култура на таканаречениот машки геј-„клон“, кои се трудеа да ги исфрлат од хомосексуалноста родовите поларитети и асиметричното играње улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сидата десеткуваше две-три генерации геј-мажи. До крајот на 2005 г., во САД од сида умреле над 550 000 луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што растеа цените, празните места што ги остави сидата не се пополнуваа со нови бранови геј-доселеници од работничката класа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со месеци или со години штеделе пари и најпосле се доселиле во големиот град, каде што разумните станарини во геј-маалата што се создаваа во некогашните етнички, работнички или постиндустриски делови им овозможуваа на луѓето како нив да се издржуваат работејќи како келнери или како медицински сестри, а, сепак, да живеат во урбан геј-центар – макар што можеби мораа да го делат станот со неколку цимери за да ја делат киријата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, ова повлијае врз начинот на кој сега живеат сите геј-луѓе.444 ‌
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време, брановите џентрификација што придонесоа кон преобразбата на геј-маалата предизвика стопанска експлозија на недвижностите во внатрешноста на градот, бидејќи оние од предградијата почнаа да се враќаат во новообновените внатрешни делови од градот, а поради тоа цените на недвижностите во урбаните центри на САД пораснаа вртоглаво. ‌Геј-мажите со скромни приходи кои ги населуваа геј-гетата и кои подоцна умреа од сида честопати не беа сопственици на имотот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Енклавите Кастро, Фолсом и Полк Стрит во Сан Франциско не беа населени со типови што чекале да се отвори работно место во некоја центарска адвокатска канцеларија или на Универзитетот на Калифорнија во Беркли (иако имаше таму и многу правници и професори).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И многумина правеа така: тоа беше геј-соодветник на Исходот. ‌А ако ти се присакало секс, во тоа време, мораше да излезеш од дома.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас имав впечаток дека рурална Албанија, која беше во еден вид педесетгодишен физички и ментален карантин се реваншираше во урбана Албанија, во која се криеја старите структури на власта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Прозата на Б. Варошлија „произлегува од еден говор кој почнува да се раѓа сѐ понагласено во нашата јазична практика во урбаните средини, расказите на В. Малески се градени врз одредени говорни ситуации во кои се еманципира еден јазик на чаршијата, на градот, од говорот на руралните средини со кои е сѐ уште во силен контакт, литературата на С.Попов произлегува од јазикот на селото кој е затекнат во една конзервирана состојба итн.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше традицијата на Диркем, Вебер и Зимел кои токму настојуваа да ја разберат положбата на луѓето фрлени во урбаното друштво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И тоа е она што социологијата, без оглед на тоа што ќе остане од неа, пак ќе го прави.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Односите помеѓу психичката средина и нејзиниот физички дел, кои почнуваме да ги сфаќаме кај ментално болните, се посериозна варијанта на ситуации во урбаното општество.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ поголемо е убедувањето дека незнаењето за односот на психичката околина на лицето, нејзиниот физички дел, придонело за некои од тешкотиите што денес се јавуваат во урбаните центри.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зашто луѓето немаат слобода во изборот дали ќе ги гледаат билбордите или не.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мора да 143 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 114 се случи ноќе, кога зградата спие“144, вели Кшиштоф Водичко (р. 1943, Варшава, Полска).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зградите што тој одбира да ги нападне со неговите големи слајд и видео проекции (што тој го нарекува ’интерогативен дизајн’) се обично оние кои доминираат во урбаниот пејзаж, оние кои го контролираат и регулираат протокот на секојдневниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Попрво, таа е ангажман во стратешки предизвици за градските структури и медиуми кои посредуваат во нашата секојдневна перцепција на светот: ангажман преку естетско-критички прекини, инфилтрации и апропријации кои го доведуваат во прашање симболичките, психополитичките и економските операции на градот.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
147 Политизирајќи ја свеста на гледачите преку очудување на познати архитектонски обележја, проекциите на Водичко интервенираат во урбаната топографија произведувајќи нови значења и пораки, 146 Rosalyn Deutsche, “Art and Public Space: Questions of Democracy,” Social Text - No. 33, (1992): 43. 147 Krzyszrof Wodiczko, “Strategies of Public Address: Which Media, Which Publics? ” and “Discussion,” in Discussions in Contemporary Culture, ed. Hal Foster, no. 1 (Seattle: Bay Press, 1987), pp.42,48, цитирано во Erika Doss, “Raising Community Consciousness with Public Art,” American Art – Vo;. 6, No. 1, (Winter, 1992): 79-80. 116 принудувајќи гледачот да го преиспита политичкото кое што лежи во основата на архитектурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)