во (предл.) - утрински (прид.)

Стебленцето на тревата затреперува под тешката капка којa полека пифтосува во утринската ладовина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во утринските часови владее вистинско лудило во париските улици, на железничките станици, по долгите лавиринти на метрото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кучиња се среќаваат насекаде, а тие се најчести гости на париските улици, во утринските часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овие сокаци се живи само во утринските часови и во тие мигови тука е тешко разминувањето од луѓе и од коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Густо збиените на ридот куќи како да се креваа на прсти и се надвишуваа една над друга: секоја сакаше да се огледа во утринското огледало на езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во утринското сивило, куциот самовил, со извежбан, молскавичен удар на десницата, ќе му ја пресече главата на момчето- змија. Тревата ќе посини од крвта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се надеваа дека сепак ќе видат некој војник но во утринскиот штут го слушаа само цвркотот на некоја разбудена птица.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од гласот исплашена подлетна гугучката од иконостасот, направи неколку кругови околу упокоената и исчезна во утринската светлина на небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За прв пат откако дојде во бригадата, Мече усети колку е убаво тука наутро кога првите зраци на сонцето ќе паднат над разбудениот младински логор, што се капеше во утринската светлина и веселост.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во утринската ведрина од тука се гледа целото Костурско поле, Костур, езерото и околните села.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)