во (предл.) - училиштен (прид.)

Ај, пичка им мајчина нивна, си велам, и се сеќавам дека поради ваквите зборови не можам да влезам во училишната лектира, а Достоевски ми вели: -Како да е тоа важно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ликот на кираџијата му беше познат, но каде го беше видел, не можеше да се сети.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце влезе во училишниот двор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Благодарам, мајко! - одговори Гоце и тргна... Оддалеку, во училишниот двор, веќе се слушаше детски џагор и викање...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За едно дрво, во училишниот двор, стоеше врзан коњ. - Кој си ти? - праша Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тој уплашен човек Карер не можеше да види ни трага од она дете со кое играа во училишниот двор и чие лице го красеа немирните маслинести очи и една речиси постојано присутна насмевка. Цел живот се почитувале и се дружеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како момчиња си ги доверуваа своите први љубови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во училишниот двор панично врескаше собраниот добиток.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама во време на одморите бевме заедно во училишниот двор. Најчесто игравме брканица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто не измислат нешто поатрактивно, одошто тоа редење во училишниот двор и ѕвонење на училишното ѕвонче?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бевме собрани во училишниот двор и чекавме да влеземе - да ги земеме свидетелствата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш учевме одвоено по одделенија - само девојчиња и само машки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бев облечена во прекрасно везено фустанче. Ми го везеше и ми го шиеше мајка ми. Со народен вез.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не сакам да размислувам за она што со години се повторува на првиот училиштен ден!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
СОЊА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како целата држава, мојата слатка мала Хрватска да се претворила во училишен хор и секој ден послушно вежба хорско пеење. А диригентот е, се знае...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имам впечаток дека го отворил дневникот и врши преглед на сработените задачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислувам: договорите со него, впрочем како и поединостите што требало да бидат извршени, не се ништо друго туку задачи запишани во училишниот дневник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наредниот ден „То Вима” напиша: „Не може да не се забележи тоа што се случи во едно кајљарско село, кога во училишниот двор се собра месното население и даде заклетва да не зборува на славомакедонскиот дијалект.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија“ биле: Васил К'нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М.К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Црковните ордени во Франција се ограничени во училишните работи, оти со нив злоупотребуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, во зимските вечери на неговото детство, шпоретот на дрва весело потпукнуваше, а мајка му исто така весело си потпевнуваше народни песни додека му ги редеше книгите во училишната чанта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Е, гледаш! И јас знам во која училница се премести учителката Милица“ - рече тетка Стана, ја фати за рака, ја поведе во училишната зграда, ја водеше долж ходникот - сѐ до шестата врата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Нажалена, со наведната глава излезе во училишниот двор.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Таа порано кришум ми носеше екстра храна и ми ја ставаше во училишната торбичка – ти зборувам за тетка Керолајн“, рече Кинг Џејмс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сигурно си ја чул старата поговорка дома, дека семејството Ривс од Џексон, и Кинг, секогаш се држеле цврсто едни со други.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имено, додека ЗИТ (1985) предвидуваше инспекцијата да се врши најмалку еднаш годишно кај сите организации и работодавци (чл. 10), во 1997 година е прецизирано дека овој рок се однесува на работодавците во областа на индустријата, трговијата, градежништвото, земјоделството, шумарството, сообраќајот, комуналните дејности, занаетчиството, угостителството и во училишните и факултетските работилници и лаборатории за практична настава.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ме бараа да учествувам во училишните приредби.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Стасаа пред училиштето и влегоа во училишниот двор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Изутрината полковниците станаа со тешки глави: сè им се матеше пред очите; таванот во училишната просторија каде што спиеја, им се вртеше; во очите иглички ги боцкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Борис беше едно за своите години многу крупно и нападно дете и другар со еден Николче, исто така крупно и несмасно дете коешто со својот глас ги надвикуваше сите деца во училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа беше уште еднаш на стража на истото место под земјанката, а утредента пред мугрите стражареше во училишниот двор зад митролезот, пред влезот во земјанката и можеше да види како милиционерите продолжуваат еден по еден а ги ваѓаат луѓето од неа, да ги внесуваат во училиштето...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога четата, по некое време, се префрли во училишниот двор врз висот на еден дол, Марко му шепна на Еда: „Кој знае што не чека!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш, пред еден месец, не сакаше да се капе во училишната бања; ги стисна рацете на ушите и главата, врескајќи дека водата не смее да ѝ ја допре главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
5. Од училиштето излеговме како ветер, како куршум: учителот нè пушти неколку минути порано: во училишниот двор веќе се собираа селаните за предавање.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ги криеше во цвеќарницата и грмушките во училишниот двор и кога заминуваше за дома ги земаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пушеа кришум на одморите криејќи се зад грмушките во училишниот парк или во клозетите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Потоа влегуваа во училишната зграда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За лектира ќе се зачленам во училишната библиотека: не е фер да барам од тато да ми купат комплет лектири за VII одделение...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Иста како во училишниот двор.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога се готвеа за селење внимателно ја завитка во мека хартија, ја кладе во училишната чанта - и еве, ја зачува цела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Небаре дојдоа сите баби, сите дедовци, сите мајки и татковци - толку многу се беа присобрале во училишниот двор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
д) Што се однесува за нас - најмладите екологисти - укажа дека секоја навидум мала работа е голем придонес за Еколошкото друштво; изградување на еколошката свест низ наставните и воннаставните активности, одржување хигиена во училиштето, во училишниот двор и секаде во градот, во сопствениот двор и во непосредната животна околина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Добро, Нина, значи, од вашата зграда сите го познаваат Влатко, ама ќе се запознаеме сите во одделението, па и пошироко - во училишниот колектив“ рече и продолжи да поминува, свртен кон средната редица, во насока кон таблата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Розите на чичко Темелко во училишниот двор успешно му се противставија на студениот здив на Баба Марта, се изборија за опстанок.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Марта не ни даде да се раскрилите со пролетта... оф, леле... како наводенети врапчиња се прибравме во училишниот хол... што друго освен големо разочарување!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Директорката се согласи да се продаваат во училишниот двор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
2. Сами одржуваат ред во училниците и во училишниот двор; посебна комисија секоја недела определува кое одделение е најуспешно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А ене го и игралиштето во училишниот двор.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Плачливо и инаетливо реков дека повеќе мојата нога нема да стапне дури и во училишниот двор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не се сретнаа со Чана како што се имаа договорено, а не ја најдоа ни во училишниот двор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)