во (предл.) - факултетски (прид.)

Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Истегнувајќи се на креветот, замислував како ме чека личноста од запишаната средба на листата со обврски во факултетско бифе, и можеби ќе ме бара на телефон без батерија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Колешке! Се гледаме утре во факултетската читална.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)