во (предл.) - федерален (прид.)

И покрај фактот што САД интересот за Балканот ѝ го остапиле на Велика Британија, сепак, со одделувањето на своите воени мисии од британските и со настојувањето да имаат свои разузнавачи во Југославија и во федерална Македонија зборува дека САД постепено го започнале своето инволвирање во политичките работи на Балканот, иако тоа било само "срамежливо" покажување интерес за работите што се одвививале на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но секако биле свесни дека е неизбежен идеолошкиот судир со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од тој период започнува да се воспоставува и изградува за прв пат современата македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во барањето начини за заштита на своите интереси, Британците од своја страна сметале дека со формирањето на една "унија од сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување на Турција во федералната држава, би се решиле балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)