во (предл.) - хармоничен (прид.)

Ѓоко и Лиле се среќни сопружници. Живеат во хармоничен брак дваесет и кусур години.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тука ја откривав и сложеноста на неговиот повеќекратен идентитет чии компоненти упорно се бореа наспроти големите балкански противречности од секаков вид за да ги помири во своето битие во хармонична целина, како што тоа беше можно во полифоното пеење на старите балкански народи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сатори во хармоничната комуникација човек- компјутер, како резултат на бескрајните регресии во мета- нивоата на авторефлексии, е награда за совршената концептуализација и реализација на идеите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од татковите книги, кои неколку години по неговото исчезнување ги зедов со себе на брегот на Езерото, при првото прелистување, ми проблесна наследената метафора, како некаков продолжителен мит во потрага по полнотата на изгубениот континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нешто длабоко, силно, во татковиот дух се кршеше за да се спојат блоковите време од сиот негов живот, за да завршат во хармоничен глас кој ќе ги повика другите да му се придружат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)