во (предл.) - цврст (прид.)

Ајс (Ice) е метадрин, од форма на прашок претворен во цврсти кристали кои потоа се пушат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Рада не можеше да се воздржи и во цврста прегратка го гушна својот „лотосов цвет“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Девојките иако стегнати во цврсти машки прегратки низ шепот го следеа движењето на новодојдените.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Среќо моја,благодарам што дојде! - беа зборовите на Рада шепнати во цврстата прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Освестувањето од она што тој беше го сторил, сега се искристализира во вистинско сознание, во цврст и болен факт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секирата просто отскокнуваше, немоќна да завлезе во цврстото дрво на трупецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
XXIII. Беше скован во цврст чардак, со три прста опрашка од пепелав снег одозгора, и чкрташе под неговите стапала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа Клара самоуверено ќе ја измазнеше косата, ќе си пратеше бакнешче во огледалото, се разбира, упатено кон нејзиниот лик, за кој таа мислеше дека е крајно отмен, и во цврст од, сигурно ќе закаскаше кон излезната врата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но нивната независност пред сè се оправдува со фактот дека: тие се разликуваат од сите соседни народи – тие не се ниту Албанци, ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби – и тие имаат организарано силно движење за автономија во рамките на јужнословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие не се формирани во цврста национална единица.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Токму така го чувствуваше и сето друго, што не го читаше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и кучешкото лаење беше замотано во цврста обвивка на поинаква смисла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Напред оди предводникот држејќи во цврстата десница моќен пастирски стап по примерот на Мојсеј, патриархот на избраното божјо стадо на Израелот, номадскиот народ што го сочинуваат илјадници старци, мажи, жени и деца.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тие навистина се исплакаа цели десет-петнаесет минути прегрнати во цврста прегратка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Арафат како да имаше договор со смртта, никогаш да не го стигне...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фикусот допираше со длабокото корење до одамна закопаните статуи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вистина, мајка ми повеќе се грижеше за внатреш­ната, а татко ми за надворешната судбина на семејството, но тоа беше секогаш во цврста меѓусебна согласност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тоа фанатично верувал, придобил и други истомисленици, се разбира повеќето од северните републики, па решиле народите од југот да ги претвори од козари, планинци, сточари во цврста, челична, гранитна индустриска работна сила под името – работничка класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кријам глава зад двете близначки пред мене, им ги фаќам пополека двете крајчиња од нивните плетенки,ги врзувам во цврст јазол и нестрпливо го чекам ѕвончето. Доаѓа и тој миг.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Краток меч во цврста рака спружен напред!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)