во (предл.) - чуден (прид.)

Потонати во бради и коси, одамна непреоблечени, во чудна облека, ни малку слични на месното население — бели бечви со црни гајтани, арнаутски ќепиња, дебели клашнени обијала на нозете, завиткани со црни врвци до над колена, а на нозете меки говецки опинци, цврсто стегнати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На појасите и преку градите патрондаши со пo стотина фишеци; на колковите висеа штикови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сокол Мечевски како да разбра зошто во Татковата библиотека, во чуден и во постојано променлив распоред, покрај големите свети книги, Библијата, Куранот и Талмудот, се наоѓаа и разни други метафизички трактати, но и книги за кабалата, за Тората, за хуруфистите, за богумилите, за идеологиите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На чекор-два од него, во чудна, неприродна положба, со чудно исправени, здрвени нозе, лежеше овцата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Песно, изгубен еден сон или одронет само во чудното невреме или во оној моментен мир омеѓен со ножевите на молњите носи дожд тоа суморно течење на денот кон нашиот осамен остров поплава една носи тој летен ветер што ја капе својата жолта грива од лисја во меката прашина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Првин далеку од Потковицата и во чудни околности, а потоа и овдека, во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стоевме под натписот, бедни, мали, ништожни и гледавме во чудните, неразбирливи знаци над нас. Филозофот се насмевнуваше спокојно, загатливо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот гледаше во чудното писмо на прстенот и се чешкаше по тилот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Што е тоа?“, прашав и погледнав во чудното сочинение.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот ја држеше свеќата и гледаше во чудниот, ситен краснопис на отец Мида.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Филозофот погледна во чудното сочинение на масата, се насмеа; за првпат откако го видов, се насмеа и потем рече: „Сочини препис на ова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Долговрат, со развеана грива, нечуен и повеќе сличен на птица, минуваше во чудни и долги скокови преку голата грпка на ридот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш го видов оној белец што луѓето го бодеа со колови и го сечеа со секири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На стариците им е неподносливо и тие живеат во чудна состојба: им се чини дека сé што им се случува е - сон.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие старици не им се потребни на никакви комитети за помош, никакво социјално не може да ги исхрани, затоа што социјалното не е институција што има пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јазикот на храната станувал неумолив... Чудни обичаи во чудни времиња! коментира Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарскиот ген на таа човечка протоплазма долго време ќе ја бранува и води Османската Империја низ победи и порази! рече замислено Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден ден - но „еден ден“ не беше вистинскиот израз; можеше исто така да биде на полноќ: еднаш - тој попадна во чудна, блажена мечта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата сенка долга како јат претпазливо ползеше во таа мрежа, се пробиваше низ нишките на есенската магија, растеше и се губеше во чудна игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мене навистина ми беше повеќе од јасно дека смртта на Командантот и лирскиот тенор и понатаму остануваше обвиткана во чудна таинственост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
III. Преку окцето на влезните врати допирот со надворешниот свет може да прерасне во чуден спој на видливото и замисленото.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
8. З-ум-ирање  Во тој миг прелетува пред з-умот избезумена птица листовите затреперуваат сенките ја подотвораат устата како да сакаат нешто битно да кажат  тој збор е дошепнат независно од тебе фотографијата го памти шепотот има сопствен слух лична архива своја база на умирачки.  Меморијата е во чудна несразмерност со пикселите, асовите: тие не ѝ се доволни ѝ треба око, окото на Господ 31посебна состојба на духот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Колку и да се застапуваме за апсолутната рамноправност на сите видови книжевен дискурс, сите сме свесни дека сепак, сепак! ниту еден теоретичар, есеист, книжевен историчар или толкувач, херменевтичар не го ужива сосема истиот книжевен статус (за аурата и да не зборуваме!) кој на таканаречените вистински писатели им припаѓа по автоматизам (by default).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сите ние што долго и, ајде да речам, професионално ги читаме книгите од тој научно-публицистички вид, свикнавме да применуваме прилично специфичен, безмалку ригиден (студен?) однос кон нивните автори.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Те читав, се разбира, и пред да ме воведеш во чудниот свет на Татковата библиотека, Твојот интимен еквивалент на онаа митска Вавилонска библиотека на Борхес, но Твоите поранешни книги ги следев повеќе од професионален отколку од читателски интерес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)