во (предл.) - чудесен (прид.)

Кон небото полетаа ракети. Една, две, три, па се раширија во чудесни светлосини, жолти, црвеникави букети.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знам дека кога се палат уличните светилки, кога гори и свети неонот, тогаш кога се преливаат светлата во чудесни нијанси и кога луѓето од далеку ги посматраш како силуети, е најпријатно да се впуштиш кон „Пигал“, па сè таму до „Клиши“ и „Амстрдам“, кон „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сето поле е во чудесна светлина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А босите нозе, како да не ја допираа земјата - лебдеше таа во воздухот и танцуваше во чудесен унес...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На неколку чекори од нашиот дом, како во сон, како во чудесна сказна, се оцртуваше профилот на Дрвениот мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ја подаде раката, а во приквечерината, на нејзиното осончено лице, блеснаа во чудесна насмевка убави, бели заби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Сè е во чудесен склад: мракот, светилките што блескаат...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само сè побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Само оваа песна како во чудесна, духовна низа поврзуваше неколку генерации, како најубав звучен ѓердан, единстве­но сведоштво на Балканот за своите во времето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зачудо, очите ѝ се насмевнаа, ни малку изненадени, додека ја сослушува мојата неповрзана приказна, па охрабрени, дрско ѝ велам дека снимката развиена во чудесната лабораторија на Мен Реј е само миговен отпечаток на мистеријата што, вон пролетта и зимата, постои отсекогаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ни остануваше дел од попладнето во чудесниот пејзаж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога сонцето заоѓа и синевината ги покажува своите невидени метаморфози, човек кога се оддалечува од Езерото ги понесува идните залези како ветувања на среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не постои вечноста, освен во чудесните залези на сонцето, колку и да се задржува земјата како своја, како татковина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој трага по песната- катарза, која ги повикува и едните и другите, во обединувачката меморија, за да запрат масакрите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дарвиш изрази желба еден ден да го чита овој роман...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеа да се видат неколкуте извиени букви, во чудесна, небаре калиграфска игра во нејзините писма, како минијатурни споменици на една недокрај возвратена љубов, постојано одложувана за некои други времиња коишто никогаш не стигнаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Продолжуваше да живее во мојата свест, со вкусовите на кашите на сиромаштијата, на потпеченото тесто, извиено во чудесни форми од нејзините вешти прсти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во чудесниот Арл пленеше сината питомина, од сите страни. Во блиската околина се извишуваа ветерните мелници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во иднина светла, во иднина нова, татковино наша и родино клета, штом овдека златни ќе зазвучат слова, во чудесни ружи ќе расцутиш сета.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
А потоа наеднаш пак му се наслушнува одот; Од на преморен коњ Затечен во редок шамак Со облаци инсекти околу вратот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само се побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оние кревки дрвца што денес ги окопувавте ќе израснат во чудесна шума - еден дел од шумското богатство на планетава Земја!“ дорече директорот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таткова прва братучеда, по мајкина линија, замината во Цариград со семејството, кога заминаа и Окијаревци од Прилер, млада адвокатка се омажи со исламизиран сефард, со чиј син јас се сретнав во Париз и останавме во чудесни пријателски односи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вратите на собата беа во чудесна резба, како и долапите и мусандрите, а дрвените тавани со форми на баклави, позлатени и обоени во разни бои.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)