во (предл.) - шеесетти (прид.)

Уметничкиот контекст на лично изложување на ризик во процесот на настанувањето на делото има еден семиотичко-симболички квалитет којшто оди од онаа страна на садомазохизмот. (Weibel 1978) За многу современи уметници телото сè уште е моќен материјал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека во шеесеттите и седумдесеттите уметниците го користеа телото за да ги проверуваат параметрите на уметноста и општеството, денес телото на уметникот е поставено на крстосницата на една радикална средба со техниката и со истражувањето на природата на свеста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Побуната на американската авангарда против Холивуд, започната во четириесеттите со Маја Де­рен, се разви во шеесеттите на врвот од коли­­зијата помеѓу промените во духот на вре­мето и холивудската догматика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И покрај врската со авангардата, Ворхол, како и другите автори во рамките на амери­канскиот андерграунд, најзначајна врска вос­по­стави токму со Холивуд, и тоа во негација на неговата естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите овие елементи се користени за создавање исклучително апстрактни и минималистички слики врз така секојдневни предмети како: картон, новинска хартија, хартија за завиткување, хартија за шмирглање, листови од дневник и др.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Благодарејќи на стриктната хронолошка организација, „Мислењето како форма“ помага во разбирањето на Бојсовиот прогресивно- редуктивен пристап кон бојата во шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Токму пред небото повторно да размисли, дали да се олесни од дождоносните облаци или не, силното и темно тело искокна од прозорецот на приземјето, што водеше од станот на К* и со радосен лаеж на одново стекнатата слобода бргу исчезна во жештината и правот на неделното попладне. 102 okno.mk СОВРЕМЕН АМЕРИКАНСКИ РАСКАЗ 3 $ Илустрација: Sam Brewster Маргина 35 103 В о овој дел од комлексното претставување на американскиот современ расказ во Маргина решивме да се вратиме малку наназад, во шеесеттите и седумдесеттите, и да ги претставиме “корифеите” на американскиот постмодернизам, Роберт Кувер, Доналд Бартелми и Вилијам Гес (тука сигурно спаѓа и мошне влијателниот Џон Барт кого го претставивме минатиот пат но со расказ од неговото најново творештво).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На младината денес многу повеќе ⥊ е достапен цел куп зависнички и опасни дроги отколку на нивните родители, што биле во шеесеттите години пионери на тоа подрачје.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Самиот проблем веќе во шеесеттите години сатирично го посочи Даглас Адамс (Douglas Adams) во својот Стоперски водич низ галаксијата (делче од него беше објавено во Маргина 13-14), а докрај со него се справија токму сајберпанкерите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мајкл Свонвик (Michael Swan- wick), некогашен антивоен активист (во шеесеттите) нуклеарниот реактор го поставил како тотем на луѓето со ограбена иднина во свет на постеколошки холокауст и на 106 Margina #22 [1995] | okno.mk радијациски болести.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Младите писатели и обожавателите на SF, израснати под влијание на beat-от и на хипи движењето во шеесеттите и седумдесеттите, го устоличија новиот технолошки грал - микрокомпјутерската технологија како движечка сила на творештвото и неисцрпен извор на шпекулации за своите дела.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Фаерабендовиот скептицизам се продлабочи во шеесеттите години кога сѐ поголем и поголем број мексикански, африканско-американски и индијански студенти започнаа да го посетуваат Беркли.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој исто така тврдеше, на ужас на Кун, дека неговиот космополитски модел на 98 Margina #4-5 [1994] | okno.mk науката може исто така да се примени и на организираниот криминал.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и практиките што навидум биле континуирани во текот на многуте години можеби се понестабилни отколку што изгледа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А нестабилните интеракции меѓу машката геј-култура и нејзиниот хетеронормативен контекст постојано еволуирале.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве и јас барам врска – само треба да имам секс со илјадници мажи за да ја најдам баш врската што навистина ја сакам. ‌Сигурно, општествените и политичките услови на геј-живеењето во изминативе педесет години се менувале мошне брзо, а со нив се менувала и геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иронијата со која сега ги гледаме филмовите со Џоан Крафорд, сигурно, е многу поинаква од иронијата со која геј-мажите го гледале Милдред Пирс во педесеттите и во шеесеттите, кога мелодрамата, општествените околности и родовите стилови не изгледале толку неверовито, па затоа и не толку емоционално туѓи колку што изгледаат денес (поради што ниту една универзализирачка, психоаналитички формулирана теорија за геј-гледателството не може да ги објасни геј-практиките на гледање и сите нивни особености).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доволен број од нас се враќаа со вести „од прва рака“ охрабрувајќи ги и другите да се обидат во истото - увод во масовното излегување на студентите на улиците во шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Идејата на индивидуалност што во шеесеттите ги зарази Американците дефинитивно се прошири низ светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во седумдесеттите, Др. Споук-МекЛуан-епидемијата се прошири низ западна Европа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генерацискиот конфликт беше веќе тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаците на овој тип на освестување секогаш се исти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес постои црногледа индустрија, што се грижи за редовен приток на мрачни прогнози за состојбата на популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе во шеесеттите години се пројави позитивно вреднување на новите тенденции.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислеше дека тоа морало да биде некаде во шеесеттите години, но не беше сосем сигурен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега тоа се случува заради технологијата на виртуалната стварност, а не заради дроги. И така виртуалната стварност е наследник на психоделичните експерименти во шеесеттите и седумдесеттите години?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Колку во своите промислувања за медиите се надоврзувате на концептите настанати во шеесеттите години?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во шеесеттите настапи времето на “Turn on, Tune in, Drop out”, дрогите влегоа во игра, се впуштив во тоа и се исклучив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Инаку, токму тоа е суштината на моето истражување на подрачјето на психоделиката во шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој во шеесеттите години на минатиот век го напуштил родниот си козјачки крај и се е досетил во Куманово каде создал меана и трговија со жито.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)