во (предл.) - штрков (прид.)

Целото лето тамошно што му работел по полцките работи на Аџиовците, и тие многу го честеле и го гледале како свој чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На ден Панделејмон си летнале со Аџи Кљак - кљак и со аџијцата, со децата нивни и си отидоа во штрков виљает здрави и живи, како што сакаше Господ Бог.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
-„Море не ви кажувам, бре браќа, приказни, им рекол Силјан, ами ви кажувам вистинско сторење и патување мое, и преѓе ви кажав и сега ви кажувам оти штрк бев и во штркова земја бев, две лета тамошни сум работил полска работа во куќата од штрковите наши што се на нашава куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На ден Панделејмон си летнале со Аџи Кљак-кљак и со аџиицата, со децата нивни, и си отидоа во штрков вилает здрави и живи како што сакаше Господин Бог.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако не си ги нашол во Герман, барај ги во П`пли, ако тука ги немало, барај ги во Штрково или во Нивици, ако ги немало во Нивици, барај ги во Граждено...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)