во (предл.) - шуплив (прид.)

Истрел, блесок во шупливо око на офицерска кубура, визуелно ехо на нова далечина и јужна светкавица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го однела во шупливо стебло и направила мед.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Невидлива како и секогаш, Судбината го прашала џинџестиот жерав за каков се смета по овој настан – за мал или за голем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак зелено мирисаат пченки и ти раскажува некој со зелен глас: ако не се фатиш за нешто, за шурка небесна светлост или за опаш на магла, ќе се струполиш во шуплива бескрајност - ни над тебе ни под тебе нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)