во (предл.) - јак (прид.)

Брегот беше низок, без трева, по него шеташе ветрот, на полето жените копаа во земјата, покрај малото пристаниште трите нејасни фигури ги криеја брадите во јаките, наведнати од ветрот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Излитена фраза, во јак врисок за молба некој да се врати.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А оној кој ме селеше, тој страшно умираше, не го пушташе никако, можеби дека црквата ја сруши, а и воопшто... Човекот климна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја вовлече главата во јаката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И покрај доминантната позиција во однос на него (млад возач во јака фирма), а јас газдарица на дуќани, ми беше симпатичен, па му ветив голем попуст за неговата сопруга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)