во (предл.) - сосем (прил.)

Додека се враќа во ќелијата има време да размисли за сè; за поминатиот ден, за сето она што го кажал, за записникот што во сосем механичка постапка, молкум му се дава на потпишување што тој го прави лесно, како и исказите што ги дава; но пред сè за своето минато, што го доведе во оваа фрустрирачка ситуација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па денес, оние обичните седат, навистина во релативен спокој зашто е воено време, но седат на слобода, по своите домови, а тој е втурнат во немир, на работ од растројство, затворен тука, толку далеку од семејството на коешто којзнае кога и дали воопшто ќе се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Влегоа во сосем исполнета просторија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сегашната конференција ќе биде во сосем други услови од оние во коишто работеше конференцијата пред последната руско-турска војна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Напоредно со ова, на северот од Русија се задржа и замената црно - сино: “сино под ноктите” со натамошната разработка на “сино” во сосем специфичното значење на валкано, правливо и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веднаш, како да се сретнале во сосем обични околности, почна да ѝ кажува за тоа дека повеќе пати била кај нејзините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Андерграунд стриповите беа толку расипани, полни со билокакви халуцинантни, анти-цајкански и анти-родителски глупости, додека Линда се движеше во сосем друг простор. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)