во (предл.) - спротивно (прил.)

Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А адвокатот може да го заменува адвокатски стручен соработник со положен правосуден испит, кој има засновано работен однос кај него – и тоа само пред суд од прв степен, за спорови чија вредност не надминува 1.000.000 денари, со согласност на странката (чл. 86, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, сепак, ваквата тешка здравствена состојба воопшто не го засегаше раководството на фабриката, кое му понуди доброволно да потпише дека е на „принуден одмор“, бидејќи во спротивно ќе биде избркан од работното место. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, тој поради сериозни проблеми со 180 кардиоваскуларниот систем – запушени вени и преживеани два инфаркта на срце – беше на боледување во период од околу две години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми мирно ги очекуваше зборовите на попи­шувачот кој го предупреди дека мораат да се даваат вис­тинити податоци; во спротивно, се одговара според за­конот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сè што се бара за она што тој го употребува да биде јазик, е тој да може да биде споделен од страна на другите. (Тука не ги земаме предвид сосем тривијалните примери на „приватни јазици” кој, како кодот на Пепи, се само шифрирани јавни јазици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рајт докажуваше дека услов за убедливоста на кој и да е аргумент против приватниот јазик е дека тој треба да ја допушти контингентната приватност, бидејќи во спротивно, како што истакнува тој, ќе се тврди далеку повеќе, и ние не ќе бидеме способни да најдеме смисла во она што го прави некој Робинзон кој, на пример, самиот се учи да игра со Рубикова коцка исфрлена на неговата плажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Инаку, во хотел странецот може да спие единствено ако покаже документ, дека преку банката сменил валута за полски злоти. Во спротивно, хотелските врати се затворени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
(Сметам дека мора да се умре емотивно, во спротивно сопствените чувства ве убиваат). Тоа е точно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сите Бенчмаркови морате да ги исполните, во спротивно влезот во Вавилонската блудница ќе ви биде закатанчен, беше пораката која доаѓаше од европските куросари.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неговиот став бил дека меѓусебните судири треба веднаш да престанат во спротивно Британците “нема да одобрат помош во оружје со цел да се води граѓанска војна“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Германија можеле да се вратат “војниците, сопругите и другите жени...но ниту еден друг да не ја напушти Македонија, во спротивно осудени се на смрт“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бугарите гледаат дека во народот постои движење против нив, инаку не може да се разбере толку големиот терор од бугарскиот окупатор над македонскиот народ, во спротивно не би доведувале општински кметови од Бугарија...
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Некои луѓе се утрински, а некои вечерни суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, веќе не е важно што се зборува туку кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но за да се стигне до ова ниво на доверба, потребно е да се мине многу „подготвително“ време со рефлективците, во кое тие ќе ве засакаат и ќе научат да ви веруваат. Во спротивно, ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како да им се одолее на униформирањето, хомогениза­цијата, културалното или јазично-посредувачко изедначување, на поредокот на предочување и на една неверојатна исплатливост?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш треба да се преземе некоја одговорност (етичка или политичка), треба да се превладеат спротивставените одредби и формата на апорија со некој тип искуство на неможното, бидејќи, во спротивно, примената на правилата од страна на свесниот и на себе истоветен субјект, кој објективно секој поединечен случај го подведува под општоста на одреден закон, ќе води, напротив, кон неод­говор­ност, ако не и кон неверојатната единственост на одлуката што се донесува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се траќаш од едно расположение во спротивно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Синот убаво му рекол, ако престане да пуши и да пие, сигурно ќе живее уште најмалку десет години. Во спротивно, само пет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зар можеше некој, во тие мигови, да ги убеди во спротивното?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во овој случај поумесно би било да се остави одредена временска рамка (48-72 часа) за тој тоа да го стори, како во иднина би се избегнале ваквите непосакувани ситуации за работниците при засновање на работниот однос; ● со додавањето на новиот ст. 11 кон чл. 13 се предвидува дека доколку на работникот му престане работниот однос, работодавачот е должен во рок од 8 дена(!) од престанокот, да го одјави од задолжителното социјално осигурување, а во спротивно тоа може да се стори по барање на работникот, а врз основа на претходно доставен записник од инспектор на трудот доставен до АВРМ (чл. 1 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во случај кога констатираните неправилности се навреме отстранети, инспекторот на трудот донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор, во спротивно поднесува барање за поведување на прекршочна постапка (чл. 3 од ЗИЗЕОТ/11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако работодавачот ги отстрани утврдените неправилности во дадениот рок, тогаш инспекторот на труд донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор, во спротивно поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Идевме во светот на овие книги и на нивниот господар на несетно топење и исчезнување на нашите илузии и вознеси, со кои во спротивно ќе застраневме и ќе се судревме со балканската калдрма.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите читатели на плакатчето ќе морале веќе да биле запознаени, несомнено еден по еден, со одредени аспекти на великата опера, ним веќе морало да им биле објаснети значењата на одделни зборови и ќе морале да биле воведени во еден посебен универзум на чувствување поврзан со еден особен начин на кој ја живееле својата хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој е машкиот геј-повик во исказот Ritorna vincitor!?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепака јас ја разбирав суштината од она што го зборуваа моите соговорници, а им одговарав со кратки реченици, затоато што во спротивно, кога ќе сакав да кажам нешто повеќе почнував да пелтачам, се чувствував застрамена и се плашев дека тие не ќе може да изградат некое позитивно мислење за мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бели вреќи: за топчиња од средна големина во нив живеат растенија се полнат во пиратска серија растеглива од еден до сто со претопување на крајно во спротивно крајот делото го краси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Каде пасат срните?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од беспрекорно белите вреќи до безнадежно црните сѐ е бескрајно мирно. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 144
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Восприемачот е приморан да истражува, во спротивно, сè што ќе добие е скелет на архива.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во спротивно му пиша, ако не го предаде, повторно да му биде вратено назад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во капитализмот, обидите за итра добивка (во случајов, зголемување на бројот на жители за кои ќе се плаќаат такси без никакво вложување) сепак не можат да се сметаат за нечија фатална грешка, зашто, во спротивно, не ќе постоеше брзиот и лесен пресврт на капитал…
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но мене не ми се бара повеќе по речниците, книгите, записите, макар што во спротивно би имало работа за до крај на животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа тоа секогаш остава некаква празнина, темна зона, која би можела да се надополни, да речеме, на пример, со јазикот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе ги оставиме речниците. Ќе излеземе во стариот дел на градот, по тврдината, во старата чаршија да видиме дали уште живеат османските заемки!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не требаше Татко да нагласува дека тајните од нивните животи, какви што си ги откриваа еден на друг, остануваа само помеѓу нив, во спротивно ќе беше доведено во прашање нивното верно пријателство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски повеќе не поставуваше прашање дали поимот кадија ќе влезе во нивната листа на опасните османотурцизми со изветвена смисла или, како што нагласуваше сѐ поретко со опасно значење!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но во спротивното верување луѓето стануваат заложници на големи илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој процес треба да биде свесен, инаку нема да биде изведен со потребната прецизност, но исто така треба да биде и несвесен, зашто во спротивно ќе донесе чувство на лажност, па оттука и на вина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во спротивно, поради детето, ако тоа, како што изгледа, му остане единствено, ќе контактира со неа. Со првата жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А за такво пространство ти треба долго и широко небо, пошто во спротивно сонцето нема да ти заоѓа над океанот туку ќе заоѓа зад тој што издава скутери.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Постмодерната често се поврзува со естетичкото. Така Мајк Фитерстоун зборува за естетизацијата на секојдневниот живот, а Дејвид Харвеј ја гледа постмодерната како хегемонија на естетичкото над етичкото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А во Првата светска, кога малку научив грчки, морав да пеам малку погласно зашто, во спротивно, паѓаше ќотек, некој ден затвор или, како за нас, незнамитите, и казнена чета.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не се обидуваме да го одразиме општеството, се обидуваме да создадеме ново. Adrian Dannatt е радовен соработник во Flash Art. Gillbert е роден во Италија, во 1943 год.; George е роден во Англија, во 1942 год.; обајцата живеат во Лондон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Уметниците мораат да бидат аутсајдери и екстремни, во спротивно тие се невидливи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Едновремено му сугерирале да побара од СССР да останат доследни во ветувањето дадено на Конференцијата на Јалта за испраќање заедничко обраќање на тројцата големи до Бугарската влада во однос на преговорите за југословенско-бугарска федерација, оти во спротивно самите ќе бидат принудени да испратат информација до Владата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британскиот амбасадор во СССР, Кер, постапувајќи по директивата на своето Министерство, на 13 март испратил писмо до министерот за надворешни работи на СССР, Молотов, при што уште еднаш го запознал со британските ставови за југословенско-бугарската федерација и го изнел задоволството од советските убедувања за нејзината неактуелност, но ја предочил британската вознемиреност поради советското одобрување на преговорите меѓу Југославија и Бугарија за постигнување договор за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Слободата на Македонија, за која Грција истури реки крв ние ја гледаме и преку искоренувањето на немилозвучните имиња и презимиња, а имињата на шуми, ливади, чешми, патеки, ридови и таканатаму гледајте што поскоро да ги смените со слаткозвучни грчки имиња, зашто во спротивно цела недела сред село мечка оро ќе игра...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)