во (предл.) - СССР (скр.)

Податливоста на кириличниот систем на писмо за промени, графичката едноставност и елеганција го прават мошне погодно за бележење на текст и негов пренос во време и простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие карактеристики и политиката спроведувана во СССР придонесоа кирилицата да стане официјално писмо за низа турскојазични народи, кои живееја на просторите на СССР, секако, со мали модификации. Маргина 37 103
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никола Ковач, писател, универзитетски професор Fiction du totalitarisme, Paris, 2002 Козите постануваат симбол на руралната слобода која беше одземена од Урал до Јадранското Море по напуштањето на НЕП во СССР до воспоставувањето на колхозите на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Kabakov 17baja Иља Кабаков МАЛ КАТАЛОГ Kabakov The Flying 2Flying 4Flying 5Kabakov 11baja Kabakov 2 Kabakov h 3821 Kabakov 1 Catherine Flohic ИЉА КАБАКОВ Иља Кабаков се родил во 1933 година во Днепропетровск, во СССР.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пикасо немаше поим што се случува во СССР, тој немаше никаква претстава за гулазите и Сибир.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Самиот Џарман вели дека неговите филмови едновремено се и фикција и документ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од 1980 год, Џарман многу поинтензивно работи со камера, снимајќи видео, фрагменти, на формат 16 мм или супер-8, филмови или промоционални музички нумери со Мариан Феитфул, Кармел, или Брајан Фери.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Едната, “Kleve Ausstellung von Kalte” (Клевската изложба на студенилото), беше одржана 1945 година, кога Германија капитулира и кога Бојс беше репатриран од заробеништвото во СССР.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инспириран од патувањето во СССР, врз основа на таму снимениот материјал, во 1984 год. се реализира среднометражниот филм Imagining October.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова отсуство на присност и топлина сигурно не беше потпомогнато од фактот дека „тоа беа тешки времиња и имаа силно и заканувачко влијание на мене како дете.“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа се содржи неговата комплексност: неговата револуционерност и физичка поврзаност со иднината. превод: Будимка Поповска извор: Flash Art, Март-Април 94. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 93 Доналд Куспит Телото на уметникот Во Lebenslauf Werklauf Јозеф Бојс наведува две “изложби” кои во своите наслови го содржат, како во едноставно концептуално семе, сето она што подоцна ќе се случува вонеговата идна уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денес во СССР ги затвораат атеистичките музеи во налетите на ревизионизмот на Хрушчов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Атеистичкиот музеј сигурно еден ден ќе исчезне, како и сите други во СССР и другите сателитски земји, но неговото постоење не смее да се заборави! – продолжив иронично.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не ќе верував, да не ми се случуваше тоа што ми се случи, дека Албанија беше целосно саможртвувана на сталинизмот и тоа во времето кога тој беше осуден во СССР и сателитските социјалистички земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Посебно во фанатичното продолжување на сталинизмот во Албанија и по неговиот пад во СССР и во сите други земји на Варшавскиот пакт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Испрати тајно свои претставници во СССР со амин на Брежњев, да им ги пренесат тајните на мумификацијата на Ленин и Сталин. Му беше одбиена бесмртноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На истата страна од масата, во првата фиока, беше сместен двоглед од руско производство (“зделано в СССР”).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вештачки дожд во СССР.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од тие причини, Министерството побарало од британскиот амбасадор во СССР, Арчибалд Кер, да стапи во контакт со Советската влада и да се информира за советскиот став по тоа прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Подоцна излегоа преводи на италијански и на француски јазик. 134 Пролетта 1944 година во Дрвар, каде што се наоѓаше Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, настојуваа да се пробијат голем број новинари од САД и Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сосема отворено побарал Советската влада да се изјасни во однос на идејата за „Голема Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, статијата е објавена и во СССР на руски и на српскохрватски јазик.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британскиот амбасадор во СССР, Кер, постапувајќи по директивата на своето Министерство, на 13 март испратил писмо до министерот за надворешни работи на СССР, Молотов, при што уште еднаш го запознал со британските ставови за југословенско-бугарската федерација и го изнел задоволството од советските убедувања за нејзината неактуелност, но ја предочил британската вознемиреност поради советското одобрување на преговорите меѓу Југославија и Бугарија за постигнување договор за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено му сугерирале да побара од СССР да останат доследни во ветувањето дадено на Конференцијата на Јалта за испраќање заедничко обраќање на тројцата големи до Бугарската влада во однос на преговорите за југословенско-бугарска федерација, оти во спротивно самите ќе бидат принудени да испратат информација до Владата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)